ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Раст на онлајн продажбата преку домашните е-продавници

September 2, 2020 13:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Е – трговијата во земјава е во пораст, зголемување бележат реализираните онлајн нарачки и купувaња во текот на првите шест месеци од годинава за 36 отсто во однос на тој период лани. Забележителен трицифрен пораст има и на трговијата кон домашните е – продавници. Според објавените податоци на Народната банка, во овој период реализирани се вкупно 4.300.584 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 3.161.899 онлајн трансакции во текот на првите шест месеци од 2019 година.

Податоците укажуваат и на пораст на од аспект на вредноста. Во текот на првите шест месеци од 2020 година вредноста на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство, изнесува 104,5 милиони евра, што во споредба во првите шест месеци од 2019 година кога се реализирале 84,1 милиони евра претставува пораст за 24,3 отсто.

Износот на трансакции кои се реализирани онлајн продолжува да расте и кон домашни е-трговци.

-Пандемијата со корона вирусот влијаеше кон промена на навиките на домашните купувачи, кои голем дел од онлајн купувањето наместо кон странски земји го пренасочија кон домашни е-продавници. Влијание кон ова секако имаше и затворањето на границите и комплексноста која се појави со доцнењето со испорака на производи купени од странство. Но, иако работите полека се враќаат во нормала, сепак навиките за онлајн купување остануваат кај граѓаните, наведуваат во соопштение од Асоцијацијата за електронска трговија.

Додаваат дека во оваа категорија, евидентно е дека македонските граѓани во текот на првите шест месеци од 2020 година стекнуваат се повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн нарачките, а тоа може да се заклучи од растот на бројот и вредноста на онлајн трансакциите со домашни картички, особено кон домашни е-продавници. Оценуваат дека голем дел од онлајн трансакциите кои во претходниот период се одлевале од државата, кон странски земји во текот на првите три месеци, а особено во месец март се пренасочени кон домашни е-продавници.

-Благодарение на растот на онлајн понудата од страна на домашните компании, износот на трансакции кон домашните е-продавници пораснал во однос на странските е-продавници. Конкретно, 70,6 отсто од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се реализирале во земјава, додека само 29,4 отсто од трансакциите се реализирани кон онлајн трговци во странство, што претставува нагорен тренд во однос на минатата година, кога вредноста на трансакциите кои се реализирани во земјава со платежни картички издадени во Македонија изнесувал 59,4 отсто од вкупната вредност на трансакциите, наведуваат од Асоцијацијата.

Истакнуваат дека продолжува феноменалниот раст на бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции кон домашните е-трговци.

Бројот на онлајн трансакции реализирани од страна на физички лица во првото полугодие годинава, во корист на виртуелни места на продажба во земјава бележи пораст од 122,6 отсто во однос на истиот период претходната година. Конкретно, годинава реализирани се вкупно 2.564.005 трансакции, за разлика од претходната година кога биле реализирани 1.151.741 трансакции.

-Ако ја земеме предвид вредноста на онлајн трансакциите реализирани со домашни платежни картички кон онлајн продавници во земјава, исто така се соочуваме со огромен раст имајќи предвид дека во текот на првото полугодие во 2020 година се потрошиле 69,4 милиони евра од македонски купувачи кон македонски компании кои продаваат онлајн, за разлика од 32,5 милиони евра во текот на истиот период минатата година. Станува збор за раст од 113,5 отсто, сметаат од Асоцијацијата.

Во земјава заклучно со 30 јуни 2020 година активни се 1.223 онлајн продавници.  Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги.

За период од шест месеци во текот на 2020 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 203 новоотворени. Доколку ја земеме предвид бројката на нови онлајн продавници за периодот од април до јуни годинава, истата се зголемила за 145 новоотворени, односно секој ден се отворале по две онлајн продавници што претставува одлична динамика на раст на онлајн понудата во земјава, која понатаму неминовно предизвикува раст на побарувачката и целокупната е-трговија./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сопственикот на објектот кај Мавровка тврди дека градбата е легална, Шилегов демантира (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk