ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Разгледани Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното и средното образование

September 3, 2020 21:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
На предлог на Министерството за образование и наука, на денешната втора владина седница беа разгледани Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното и средното образование, кои ќе бидат доставени до Собранието на Република Северна Македонија, а се однесуваат на примена на мерките за заштита од Ковид-19. Исто така Владата ги пифати и Протоколите за постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука.

– Предложените законски одредби обезбедуваат безбедна училишна средина за сите инволвирани во воспитно-образовниот процес во училиштата како учениците, наставниците и друг ненаставен кадар и родители, преку подготвен кадар за следното: како да се одржува хигиена и дезинфекција, да се организира движењето на учениците, да се распореди  мебелот во училницата за да ја има потребната дистанца помеѓу учениците од најмалку 1,5 метар, организиран надзор од страна на наставниците, стручните соработници и административно-технички кадар, согласно препораките дадени од Министерството за здравство-Комисијата за заразни болести во врска со мерките за превенција и контрола на КОВИД-19, соопштува владината прес-служба.
На оваа владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата за реализација на феријалната практика и практичната настава во средните стручни училишта во учебната 2020/2021 година и ги разгледа и усвои дополнителните исклучоци во наставата од далечина за феријалната практика и учење преку работа кај работодавач и практична настава во стручното образование да се одвива со физичко присуство на учениците.
Исто така, на оваа седница беа усвоени и Протоколите за постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука во Република Северна Македонија за спроведување на практичната настава со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година; за превентивните мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците; за превентивните мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот машинство, секторот земјоделие, рибарство и ветерина, секторот хемија и технологија и секторот лични услуги со задолжување, Министерството за образование и наука да ги извести средните стручни училишта за реализацијата на феријалната практика и практичната настава.
Next Post

Вечерен преглед на вести: Донесени заклучоци на втората седница на Владата, Фатмир Бесими именуван за гувернер во ЕБОР, разгледани предлог-законите за образование...

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk