Во пресрет на октомври и во рамките на активностите на Националната кампањата за рак на дојка, на 25, 26 и 27 септември здружението „Борка – за секој нов ден“ ќе ја организира најголемата европска дигитална трка „Race for the cure“ во соработка со „Think Pink Europe“.
Со цел да се подигне јавната свест за ракот на дојката, оваа кампања се одвива во речиси сите европски држави истовремено, а вклучени се повеќе од 42 организации.
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски на својот Фејсбук профил го најави учеството во овој настан и соработката со претседателот на здружението за борба против ракот „БОРКА – За секој нов ден“, Биба Додева.
“Од 25 до 27 септември, Општина Прилеп ќе биде дел од најголемиот светски настан за женското здравје Race for the Cure, настан кој им помага на организациите за рак на дојка во Европа, да обезбедат средства и да ја подигнат јавната свест за оваа болест.
Во таа насока, со претседателот на здружението за борба против ракот „БОРКА – За секој нов ден“, Биба Додева, ги договоривме деталите околу организацијата и вклучувањето на Прилеп во настанот Race for the Cure“ напиша Јованоски.
„Со 500.000 ново дијагностицирани и 130.000 починати од рак на дојка во Европа на годишно ниво, како и над 1.200 нови случаи и повеќе од 400 починати само во нашата држава, средствата собрани од овој настан се од клучно значење. За таа цел, оваа година се организираат 30 трки во 30 земји во Европа, со вкупно 300.000 учесници. Кризата со коронавирусот беше инспирација за здружението „БОРКА – За секој нов ден“, заедно со европската непрофитна организација за борба против ракот на дојка, Think Pink Europe, да ја подигнат јавната свест и да ја издигнат трката на повисоко ниво.“
„За прв пат, настанот во нашата држава ќе се одржи во 14 градови, меѓу кои и во Прилеп. Race for the Cure, трката и прошетката, ќе се одвива во текот на три денови, со главен настан кој ќе се одржи на 27 септември“ извести Јованоски на својот Фејсбук профил.