ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Два денара поддршка за лозарите, ќе се интервенира кај четири сорти грозје

Двојно поголема дополнителна поддршка и не само за две, туку за четири сорти грозје, ќе добијат наскоро лозарите. Како што најави денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски, на лозарите ќе им бидат префрлени по два денара за килограм грозје, а не по еден денар како лани. Притоа, освен кај смедеревка и вранец ќе се интервенира и кај кратошија и станушина

November 7, 2019 13:34
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Двојно поголема дополнителна поддршка и не само за две, туку за четири сорти грозје, ќе добијат наскоро лозарите. Како што најави денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски, на лозарите ќе им бидат префрлени по два денара за килограм грозје, а не по еден денар како лани. Притоа, освен кај смедеревка и вранец ќе се интервенира и кај кратошија и станушина, пренесува МИА.

Како што рече Димковски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за подршка на деветте локални акциски групи., веќе следната недела се очекува ваквата одлука да биде ставена на владина седница и потоа, најбрзо што може, да биде и конкретно реализирана.

-Бербата заврши и веќе направивме анализи. Барањето беше за цела откупена количина да се оди со дополнителна мерка. Но, ние ќе интервенираме кај сортите чија цена се движеше од 10 – 12 денари. Оценивме дека на таа листа, во таа категорија со пониска цена на пазарот, покрај смедервка и вранец кои лани беа поддржани со еден денар, се и кратошија и станушина, рече Димковски.

Министерството на лозарите им ги дало сите анализи и оставило на нив да одлучат како сакаат да ја добијат поддршката, на хектар или по килограм.

-Последното што стигна од лозарите беше да одиме по килограм. Тоа ќе го прифатиме и се надевам дека дополнителните два денара ќе ги добијат многу брзо. Ако административно ги подготвиме материјалите, веќе во вторник на Влада ќе бидат разгледани и ќе излеземе со конкретен предлог, истакна Димковски.

Во врска со распределувањето на дел од вработените во Шумската полиција, министерот е дециден дека тоа се прави со цел поефикасно работење и во ниту еден случај не е политички моптивиран процес. Не е точно, посочи Димковски, дека се работи за повеќе од 70 вработени кои беа прераспределени, туку за 35.

-Според Законот, распределувањето може да биде во рамки на 50 километри оддалеченост од местото на живеење. За мене сите врабоптеи во Шумската полиција се исти. Намерата на она што го направивме е да бидеме максимално ефикасни и да ги заштитиме шумите од дивата сеча. Очекувам да видиме резултати, нагласи министерот.

Во врска, пак, со протестот на земјоделци кон крајот на октомври пред Владата, уште еднаш оцени дека бил политички и дека досега до Министерството се уште не е стигнато ниту едно барање.

-Би рекол дека не беа фер зашто цело време имавме разговори со нив. Протестирате ако некој ве игнорира, ако некој не сака да разговара. Им беше кажано кога ќе ги добијат субвебциите. Во јуни, јули разговаравме со нив и им кажувавме кога што ќе се случи. И тоа се случи. Со ребалансот, првата недела кога стана оперативен, се вршат исплати. Вкупната сума е околу 900 милиони денари која треба да се реализира во целост до 25 декември, објасни министерот. 

Next Post
Зоран Заев / фото: Б. Јордановска

Заев: Има повеќе причини зошто треба да дозаврши ревизијата на учебниците

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk