ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими за МИА: На дневна основа се следи состојбата во буџетот, средства за планираните буџетски потреби ќе има

September 6, 2020 09:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Финансирањето на дефицитот и кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, а ќе има и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата. Приходите се движат во рамки на предвидувањата, а ќе има доволно средства за финансирање на следните пакети економски мерки, за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош, за обврските кон стопанството, кон кредиторите. Ова го порачува новиот министер за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА.
-Сакам да упатам јасно порака за смирување дека финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, дури ќе обезбедиме и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата. Ќе обезбедиме доволно средства за финансирање на следните пакети на економски мерки за ублажување на ефектите од кризата, како и економска обнова во пост-кризниот период кон „новото нормално“. Приоритетно ќе биде да се согледа каде се можностите во рамките на буџетот со оглед тоа кои програми или проекти се знае со голема веројатност дека нема да можат целосно да се реализираат до крајот на годината, потоа привлекување финансии во нашата економија од надворешни извори на финансирање, како и разгледување на можности за мобилизирање на слободните финансиски средства од домашниот финансиски пазар а со тоа во координација со НБРМ со цел задржување на финансиската и монетарната стабилност во економијата, вели министерот во интерјувот за МИА, додавајќи дека ќе се следи и што прават и други поразвиени земји особено во  користењето нови неконвенционални мерки за поддршка на економијата.

Додаде дека од првиот ден откако ја презема функцијата министер за финансии е во координација со тимот на Министерството за финансии и дека на дневна основа се следи состојбата со приходната и расходната страна на буџетот и оти доколку се појави потреба, навремено ќе се реагира, а бизнис секторот и граѓаните ќе имаат навремени и јасни пораки кои ќе бидат економските политики и мерки.

– Обезбедени се ликвидносни средства за буџетот да извршува непречено се согласно планот до крајот на годината, односно редовно да се исплаќаат платите на вработените, пензиите на пензионерите, социјалната помош, редовно да се извршуваат обврските кон стопанството, обврските кон кредиторите, како и средства за антикризни мерки за помош на економијата и забрзување на ревитализирањето. Постои и бафер (средства за сигурност), зависно од развојот на настаните, за евентуален втор шок или за сервисирање на отплати кои доспеваат во 2021 година, потенцира министерот Бесими.
Оценува дека на работите треба да се пристапува реално и отворено и оти оваа ковид-криза е реалност и дека ниту една економија не е исклучок и оти допрва треба да се преземаат мерки за економијата да се врати на вистински колосек.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk