ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во Лондон продолжува судскиот процес против Асанж

September 7, 2020 13:33
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Во Лондон денеска продолжува постапката за екстрадиција против основачот на Викиликс Џулијан Асанаж кој доколку биде екстрадиран во САД, речиси сигурно ќе се соочи со доживотен затвор.

Во Лондон има најмалку осум затвори, а за британското правосудство за Асанаж го избра Белмарш. Затворот во источен Лондон со максимално ниво на безбедност е изграден за терористи и криминалци кои извршиле тешки кривични дела. Затворските услови важат за тешки. Дури и Википедија го опишува Белмарш како „британска верзија на Гвантанамо беј“, пишува Дојче Веле.

Основачот на Викиликс денеска ќе биде донесен во салата за сослушување во лондонскиот централен кривичен суд Олд Бејли и во наредните три недели таму ќе се одлучува дали 49-годишниот публицист врз основа на 18 точки од обвинението може да биде екстрадиран во САД. Доколку биде осуден, Асанж се соочува со 175 години затвор.

Според Дојче Веле, стратегијата на американското правосудство се заснова на напад врз Асанж не како публицист, туку како хакер. Обвинението од 18 точки може да се сублимира на три клучни: Асанж технички го поддржал изворот на тајните документи, Челзи Менинг, тој го поттикнал Менинг да достави уште материјали и свесно загрозил човечки животи со објавувањето на тајните депеши.

Менинг имал пристап до „протечениот“ материјал – како и десетици илјади други. Наводното барање да се обезбедат дополнителни документи, се заснова само на порака од разговор кој може различно да се толкува. А дипломатските депеши од амбасадите на кои се заснова третото обвинение се кодирани. Овој код беше споделен само со неколку новинари и медиумски куќи за да се спречи неконтролирано објавување на содржината. Викиликс обвинува еден британски истражувачки новинар дека го објавил кодот во една книга и со тоа овозможил глобален пристап до контроверзниот материјал.

За експертот за тортура Мелцер во лондонскиот процес не се работи само за Џулијан Асанж.

– Станува пред сè збор за злосторствата на неговите гонители, засегнатите држави: дека тие го поткопуваат владеењето на правото, дека одбиваат да ги повикаат на одговорност своите воени злосторници и луѓе кои извршиле тортура, и дека сакаат да му покажат пример на светот дека секој што ќе објави информации за државни воени злосторства може да биде осуден како шпион, истакнува Мелцер.

Тој предупредува дека ако ова еднаш пројде „тогаш од правна држава кон тиранија ќе остане уште само мал чекор“.

Ако се погледне наназад низ британската судска пракса, не сите лица против кои се водел процес за екстрадиција мора да бидат затворени во високо безбедносниот затвор Белмарш. Чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче, одговорен за десетици илјади убиства и тортура, го чекаше судењето кон крајот на 1990-те во домашен притвор во близина на Лондон. Имаше неограничен пристап на посетители, а на Божик му беше донесен и свештеник.

На Асанж, кој досега не бил осуден за никакво злосторство, дури на крајот на август за првпат по шест години му беше дозволена посета од партнерката и неговите две деца – но само 20 минути, потсетува Дојче Веле.

Next Post

Нови цени на горивата - дизелот намален за 1,5 денар, бензинот за 0,5 денари

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk