Директна парична помош за работниците и компаните во најпогодените сектори, договорот на определено време да не биде подолг од една година и породилното отсуство да трае 12 месеци, се дел од барањата кои денеска Сојузот на синдикати на Македонија ги испорача до Владата предводена од премиерот Зоран Заев.
Синдикатот бара и сабота и недела да бидат прогласени за неработни денови и да се воведат повеќе услови за пензионирање.
Премиерот Заев и економскиот тим на Владата вети минимална плата од 20 илјади денари, предвремено пензионирање до пет години, недела да биде неработен ден и нов закон за работни односи кој ќе ги содржи европските стандарди.
За овие барања двете страни ќе разговараат денеска на состанок во Сојузот на синдикати.
Претседателот на ССМ Дарко Димовски е оптимист дека нивните барања ќе бидат прифатени од извршната власт бидејќи, како што изјави, барањата се реални.