ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Самите ќе пропаднат во ќенефот на времето

Скелетите во нивните гардероби со прескапи одела ги демнат секое утро пред да се дотераат. Еден ден, скелетите ќе излезат, а одразот на нивните лица ќе биде брутално чист и јасен. Портите на Аркам, азилот за криминално болните ширум ќе се отворат...

November 8, 2019 13:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Неодговорените прашања во политиката се како нерешено убиство. Секогаш ќе се најде некој што ќе ги поставува прашањата одново и одново. Додека не се пронајде и казни злосторникот, секој што држи до себе, постојано ќе се навраќа на прашањата зошто, како, кој… Ниедна врева, ниедна пропаганда, нема никогаш да ги избрише „снимките“ во времето и просторот, во животот на луѓето.

Бесполезна е таа битка со времето и со сеќавањата на луѓето за тоа што го прават криминалните умови. Тоа се мрачните ликови кои ги гледаме насекаде и секој ден, луѓе чија единствена цел е да се збогатат и да се извлечат од заслужената казна. Ниедна цена, ниедна жртва не е висока за нив, ни животот и достоинството на луѓето, ниту достоинството и напредокот на државата, па ни нејзиниот опстанок. Работат упорно да ја уништат државата за која велат дека би умреле за неа, прават селфи фотографии со по три прстиња, а цивкаа и молеа во судница, правдајќи се дека само носеле вода…

Тоа се тие гнасни, бескарактерни и неморални креатури што кукавички се кријат зад демократијата и слободата на изразувањето. Изгледаат моќно, се чини дека се сеприсутни, некогаш звучат дури и доследно, но кога човек знае што се крие зад нивните зборови и гестови, може само да ги презира и отфрли, ништо повеќе.

Можат, со валканите пари што им стојат на располагање, да владеат со виртуелниот простор и умовите на луѓето, но само привремено. Неодговорените прашања (нерешените убиства) се како праведници што чезнеат по слобода и светлина, кога тогаш успеваат да ги скршат прангите на лагата. Нема пари и нема ум што може да ги направи лагите вечни. Лагите не се вечни. Злосторствата никогаш не се забораваат. Ниеден правен систем не може да го избрише или амнестира срамот.

На тие грди ликови, непријатели на фактите и реалноста, им нема лек, ниту спас. Човечката правда е бавна, често недостижна, но тоа никогаш не значи дека се избавиле. Им проаѓа животот во морална мизерија, во длабоко потиснато чувство на тегобност кога ќе се видат во огледало или во одразот на големите згради што ги изградија крадејќи од устите на децата на оваа земја. Скелетите во нивните гардероби со прескапи одела ги демнат секое утро пред да се дотераат. Еден ден, скелетите ќе излезат, а одразот на нивните лица ќе биде брутално чист и јасен.

Портите на Аркам, азилот за криминално болните ширум ќе се отворат…

Превртливци и морални руини не заслужуваат човек да ги погледне, ниту да ги запомни. Ако останат запаметени, тоа нема да биде по добро, колку и да се трудат да ги прекројат минатото и сегашноста.

Ниедно селфи нема да им помогне да го оттргнат или барем разблажат смрадот кој го шират околу себе, ниедна досетка во нивните пораки испишани на валканите електронски страници во тој бескраен контејнер (интернет). Попрво машините имаат душа и дух, отколку тие избледени хуманоиди. Нема зошто да се грижиме, самите ќе пропаднат во ќенефот на времето.

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK

 

Ниедно ограничување не важи за Слободен печат.
Next Post

Пендаровски: Влогот во младите иноватори е влог во нашата иднина

НАЈНОВО

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

(ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk