ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почина доајенката на македонската музика, Нина Спирова

September 11, 2020 21:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска на 82 годишна возраст почина доајенот на македонската забавна и народна музика Нина Спирова. Родена е на 26 октомрви 1938 година во Прилеп. Со нејзиниот милозвучен и моќен глас остави трајни вредности, музички записи на неколку забавни мелодии кои станаа евергрини, како и на бројни бисери на староградската македонска музика, пренесе 24Вести.

Нина во својата кариера има снимено голем број познати музички хитови, од страна на светски аранжери како и голем број на обработки на македонски народни песни. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо Чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди,зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“, нејзиниот незабравен евергрин „Еден бакнеж“ и многу други.

Скромна, ненаметлива, повлечена, насмеана, со многу малку, речиси ништо познато од нејзиниот приватен живот, со однесување несвојствено за пејачка која претставува ѕвезда од конкретниот калибар.

Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 80-тите години.

Од нејзината кариера се издвојуваат многбројните нстапи на фестивали и освоените награди. Во 1969. година ја освјува првата награда и наградата од стручното жири на фестивалот „Скопје 69“ за интерпретацијата на композицијата „Езеро мое“ од Љубомир Бранѓолица“. Истиот успех го постигнува и со „На овој ден“ од истиот автор во 1973., а еддна година подоцна го освојува првото место со „Претчувство“ од Б. Илиќ.

Настапувала во десетина европски земји, како и во САД и Австралија, а во 1966. година како претставник на тогашната ЈРТ гостувала во Атина на фестивалот „Музика на Елисејските полиња“.

Нина Спирова соработувала со најпознати македонски автори и аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски- Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и др. Има снимено над 80 композиции од кои поголем број се хитови: „Езеро мое“, „Еден бакнеж“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“, „Молчи, молчи“ и др.

Забележителен настап имала на фестивалот „Белгардска пролет“  во 1963. и во 1964. година, со песните „Експрес во 03“ и „Бела хризантема“. Во 1965. година на фестивалот „Опатија 65“ по вторпат ја освојува наградата на публиката со песната „Далеку од љубов“.

Во 1962. година Нина Спирова ја освои првата награда од публиката на култниот фестивал на забавни мелодии „Опатија 62“, со сега веќе легендарната композиција „Еден бакнеж“ на Петар Пешев.

Македонскиот режисер Милчо Манчевски го „реактуелизира“ поставувајќи го како главна музичка тема во својот филм „Сенки“.

Next Post

САД одбележува годишнина од терористичките напади на 11 септември 2001

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk