ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

На Канарските острови запленет тон кокаин на „Балканскиот картел“, уапсени тројца Хрвати (ВИДЕО)

September 12, 2020 13:02
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во операција со кодно име „Фалкуса“, ​​иницирана од хрватската полиција, на Канарските острови е запленет речиси еден тон кокаин, чија улична вредност се проценува на над 40 милиони евра, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи.

Полицијата соопшти дека собрала првични информации за трансатлантски шверц на големи количества кокаин во кој, како припадници на таканаречениот „Балкански картел“, активно биле вклучени и хрватските државјани.

Поради изразениот меѓународен карактер на криминалните активности уште во почетната фаза, хрватската полиција иницирала трилатерална соработка со шпанската цивилна гарда и француските царини, а акцијата била поддржана од Европол, американска ДЕА, британска НЦА (Национална агенција за криминал), холандска национална полиција и полиција на БиХ, пренесе Хина.

Хрватското Министерство за внатрешни работи посочува дека истрагата е насочена кон криминалната ќелија во рамките на  „Балканскиот картел“, специјализиран за обезбедување услуги за шверцот на дрога со едрилици и јахти. Оваа криминална ќелија е составена од најмалку тројца хрватски државјани кои биле „регрутирани“ од картелот за прекуокеански шверц на кокаин со едрилица. Едрилицата била регистрирана во Хрватска и пловела под хрватското знаме.

Утврдено е дека хрватските граѓани на почетокот на 2020 година отпловиле од Шибеник за на крајот на август да се приклучат на африканската шверцерска рута од Канарските острови, јужно до брегот на Западна Африка, каде организираните криминални групи ангажирани од картелот едрилицата ја наполниле со кокаин.

„Во координирана акција, специјален тим на шпанската цивилна заштита утрината на 8 септември во меѓународните води пресретна хрватска едрилица, а по претходно добиено одобрение од надлежните органи на Република Хрватска, чиј екипаж се состоеше од тројца хрватски државјани. По прегледот, а заради сомнеж за шверц на наркотици, едрилицата била одвлечена во националните води на Канарските острови “, се наведува во соопштението.

При претрес на едрилица на Канарските острови биле откриени вкупно 980 пакети со околу 980 килограми кокаин со висока чистота, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.

Според досега собраните информации, кокаинот бил наменет за европскиот пазар, вклучително и шпанскиот и хрватскиот илегален пазар на дрога./МИА/

Next Post

Николовски: На оправдувањата во институциите „не е до нас / не е до мене“ ќе им се стави крај

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk