Свеста и одговорноста за чување на здравјето е обврска на секој здравствен работник, не само во услови на пандемија. Основната и најголема наша задача е да работиме според дадената заклетва секогаш и секаде- ова е пораката на Весна Мицевска од Клиника за детски болести, која на својот фејсбук профил ја објави министерот за здравство д-р Венко Филипче.
„Пораката која сакам да ја испратам до граѓаните е доследно да ги почитувате препораките од СЗО и министерството за здравство, разумно да ги извршувате секојдневните животни и професионални обврски”- вели Мицевска.
#НосиМаска #ЗаштитиСе #ПомогниНи