ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сите родители, хронично болните и оние на продолжено породилно, од 23 септември се враќаат на работа

September 14, 2020 16:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се укинува мерката за ослободување од работни обврски за хронично болните лица, за родителите на деца до десетгодишна возраст, а се укинува и продолженото породилно отсуство. Укинувањето на мерката ќе важи од 23 септември, одлучи денеска Владата.

„Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на влошување и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на што овие лица ќе користат боледување, согласно соодветниот правилник од Фондот за здравствено осигурување“, информираат од Владата.

Од 23 септември на работа треба да се вратат и лицата ослободени од работа врз основа на користење продолжено породилно отсуство. Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење редовно породилно отсуство, треба да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи веднаш по истекот на породилното отсуство.

„Родителите чии деца се до шестгодишна возраст, почнувајќи од 23 септември, да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека детските градинки отпочнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од 9 септември, односно престанува користењето на мерката на Владата по оваа основа“, информираат од Владата.

На работните места треба да се вратат и родителите на деца од шест до 10-годишна возраст, бидејќи тие деца се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиште, без разлика на начинот (со физичко присуство или од далечина) на кој детето ќе ја следи наставата во училиштето.

Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да испрати писмено укажување до сите детски градинки да продолжат со упис и згрижување на деца, особено на оние деца чии двајца родители се во работен однос, без разлика дали работат од дома или одат на работа.

„На Министерството за труд и социјална политика му се препорача да укаже на детските градинки да стапат во контакт со родителите чии деца се запишани, а не се донесени за престој во детските градинки во овој период, за да може да се обезбеди престој и за други деца, доколку има место и за оние што имаат потреба да ги згрижат децата иако работат од дома“.

Во соработка со единиците на локалната самоуправа и државните институции, МТСП да ги разгледа можностите и доколку постои слободен неискористен простор тој да се намени за згрижување деца од оние детски градинки од подрачјето на општината каде што ќе биде потребно.

На денешната владина седница е прифатен и предлогот за изменување на Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца и тоа: воспитните групи за деца до двегодишна возраст да имаат максимум по 12 деца и двајца вработени во смена.

Next Post

Во Велес по еден новозаболен и оздравен од Ковид-19

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk