ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонски филмови за отворањето и затворањето на 19 издание на Cinedays

September 14, 2020 20:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 40 филмови во седум дена ќе донесе 19. издание на Фестивалот на Европски филм „Cinedays“, што годинава ќе се одвива во нов термин од 18 до 24 септември, наместо во редовниот термин во месец ноември.

Директорото на МКЦ, кој е организатор на фестивалот, Русе Арсов објаснува дека поместувањето на фестивалот од неговиот стандарден термин е со цел да се обезбеди континуитет на манифесатцијата и уживањето во прикажувањето и проследувањето на филмот на големото платно во услови на пандемија од коронавирусот, а за подготвениоста за тоа, вели потврда се над 100 настани организирани од МКЦ во изминатите три месеци.

– Не сме поддржувачи на онлајн варијантите на прикажување на филмските фестивали. Затоа собравме сили да успееме да го прикажеме физички 19. издание на Синедејс. Ќе бидеме цело време надвор на отворено. Покрај стандардните локации за организција на кино на отворено тоа е МКЦ паркот, Градскиот парк и прв пат оваа година вклучуваме нова локација – Паркот Ибни Пајко. Покрај овие три главни локации секоја вечер ќе организираме и поп ап кина на разни локаци низ градот со цел да го направиме цело Скопје – кино -платно за да уживаме во фестивалските седум дена, рече Арсов.

Програмата за овогодинешниот 19. Синедејс како што информира Маргарита Арсова, програмски координатор на филсмкиот фестивал, е концепирана под мотото „Филм на секое платно“, а ќе се одвива во веќе познатите програмски целини меѓу кои се Гала програмата во која ќе можат да се видат десеттина најголеми остварувања по светскте фестивали годинава, дел од кои се откажаа. а дел се реализираа. Селекцијата е на Бернд Будер, а ќе можат да се видат најновите филмови на Озон, Пуиу, Винтенберг, Срѓан Голубовиќ. Сине Балкан програмата, која сега се викаа SEE програма која ќе понуди поглед на остварувањата од југоисточниот европски кинематографски регион.

– Годинава ќе бидат доделени само две награди – за најдобар филм во официјалната програма и најдобар филм во SEE програмата поради намалениот обем на филмови, но и намалениот буџет на фестивалот. Жирито годинава ќе биде состванео од Лабина Митевска, македонска продуцентка, Благој Веселинов актер и Кнут Естерман германски новинар и филмски критичар и догогодишен пријател на Фестивалот. По долги години првпат имаме и македонско отворање и затворање на фестивалот. На отворањето ќе го имаме филмот „Стела“ на Стојан Вујичиќ и „Хомо“ на Игор Иванов Изи,  рече Арсова.

родуцентот на „Стела“ Огнен Антов истакна дека станува збор за првиот македонски семеен детски игран филм. Тој со апел до надлежните за отворање на кината – да се вратиме што побзро во кино, затоа што културата е се само не е мртва.

Режисерот на „Стела“ Вујичиќ на прес-конференцијата истакна дека станува збор за филм за семејните вредности, кој е и автобиографски филм а мотивот е вели, дека секое дете има своја ѕвезда и има право да има семејство. Во насловната улога е кучето Стела, а главниот лик на 11-годишниот Никола го толкува Петар Маниќ. Во филмот настапуваат и Дејан Лилиќ. Христина Поповиќ, Тони Михајловски.

– Ова е филм за надеж. Секое дете може да си го најде своето место под Сонцето, Ова е во еден дел и автобиографски филм, деловите кога се распаѓа семејството па повторно се обединува, делови во кои мора да поминете низ некои премрежија, но со упорност и со желба да си го најдете местото каде ќе припаѓате. Дали е тоа семејство од еден родител, два родитела, или е нешто што вие го нарекувате семјство, битно е како вие ќе се чувствувате во тоа И намерно е избрано куче кое ќе го прифати детеето какво што е – едноставно чиста љубов, рече Вујичиќ, кој се заблагодари на целата екипа која работеше на филмот.

Во делот на поп ап киното, директорот на програмата на МКЦ Филип Николовски истакна дека филмови ќе се прикажуваат на сите локации каде некогаш во Скопје имало кино.

– Го враќаме филмскиот дух, го реставрираме условно кажано киното Напредок во Чаршија,  киното во Маџари, во Влае, во Кисела Вода, и киното Градежници во „Кочо Рацин“. Како дел од оваа поп програма ќе имаме и „кино на кров“ како омаж на градското кино центар кое и денеска работи под МКЦ. Оваа програма ќе биде бесплатна и ќе се обиде да даде омаж на една скопска култура од пред 50-тина години кога имасе кина на сите овие локации, рече Николовски.

Подготвена е и музичката програма која ќе ја отвори Љубојна со концерт на кој ќе изведе дел од матреријалот од филмот „Стела“, а за крај е поместен настапот на ЗЏМ Колектив.

Билетите организаторите охрабруваат да се купуваат онлајн, како и на самиот влез на трите главни локации, а ќе бидат по цена од 100 денари, освен за проекциите за поп ап киното за кое бесплатани билети ќе може да се набават само онлајн.

Поради ситуацијата со ковид, бројот на билети е редуциран, а ќе се почитуваат протоколите за заштита од пандемијата. Во случај на дожд ќе биде навремено известено за промена на локацијата и терминот.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Агенцијата за филм на РСМ и од Град Скопје./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски за ТВ 24: Цената на струјата ја одредува РКЕ, со евтината тарифа денес, сметките се пониски отколку во 2017

НАЈНОВО

Кабранов и Зенку анализираат: Жестока предизборна реторика, притисоци врз опозициските кандидати

September 16, 2025

Почнува новата сезона во Лигата на шампиони

September 16, 2025
Фото: Скирншот, АП

Рубио најави можна средба меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк следната недела

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk