ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Истражување: Коронавирусот може да продре во мозокот

September 15, 2020 09:12
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Главоболките, конфузијата и делириумот што ги доживеале некои заболени од Ковид-19 можно е да се резултат на директно продирање на коронавирусот во мозокот, покажуваат резултати од спроведено истражување. Истражувањето е прелиминарно, но обезбедува неколку групи докази во прилог на досега непотврдената теорија.

Според истражувањето предводено од имунологот Акико Ивасаки од универзитетот Јеил, вирусот е способен да се размножува во мозокот и неговото присуство одзема кислород од околните мозочни клетки, но до кој степен – сè уште не е јасно.

Ендру Џозефсон, шеф на Одделот за неврологија на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, ги пофали техниките што се користат во истражувањето и рече дека е „исклучително важно да се утврди дали постои или не директно вирусно делување во мозокот“.
Сепак, тој додава дека сака да биде внимателен со оглед на тоа што истражувањето не е рецензирано, односно заклучоците не ги преиспитале други експерти од оваа област.

Вирусот од крвта преминува во мозокот

Експертите веруваат дека не е сосема неочекувано САРС-КоВ-2, кој предизвикува Ковид-19, да може да помине од крвта во мозочното ткиво и да ја совлада оваа физичка пречка чија задача е да запре пенетрација на страни супстанции во мозокот.

Ова му успева на пример, на вирусот зика, што доведе до значително оштетување на мозокот на фетусите.

Лекарите досега веруваа дека невролошките ефекти забележани кај половина од пациентите со Ковид-19 се резултат на прекумерен одговор на имунолошкиот систем познат како цитоконска бура, што исто така предизвикува воспаление на мозочното ткиво, а не директната пенетрација на вирусот.

Ивасаки и неговиот тим решија да и пристапат на оваа загатка на три начина. Тие заразиле лабораториски одгледани мини-мозоци, заразиле глувци и го анализирале мозочното ткиво на луѓето кои починале од Ковид-19.

Со проучување на мозочно ткиво одгледано во лабораторија, тимот открил дека вирусот САРС-КоВ-2 е способен да инфицира клетки на нервниот систем и потоа да ги користи самите неврони за да се реплицира.

Заразените клетки предизвикале смрт на околните клетки на тој начин што им го одземале кислородот потребен за живот.

Симптоми на делириум

Еден од главните аргументи против теоријата за способноста на вирусот да продира директно во мозокот е дека мозокот нема доволно нивоа на ACE2 протеин за кој се врзува коронавирусот, а кој го има во изобилство во другите органи, како што се белите дробови.

Сепак, тимот открил дека во мозочното ткиво одгледувано во лабораторија има доволно ACE2 протеин за да се олесни пенетрацијата на вирусот и дека овој протеин постои и во мозочното ткиво на мртви пациенти.

Со лумбална пункција на хоспитализирани пациенти со Ковид- 19, кои имале симптоми на делириум и од кои се зеде примерок од цереброспинална течност од ‘рбетниот канал со игла, откри дека има неутрализирачки антитела против вирусот во таа течност што е дополнителен доказ за нивната теорија.

Тимот генетски измени две групи глувци, така што едната имале рецептори за ACE2 во белите дробови, а другиот само во мозокот.

Глувците чии бели дробови биле заразени имале некои знаци на оштетување на белите дробови, а глувците чии мозоци биле заразени брзо изгубиле тежина и починале, што укажува на потенцијална поголема смртност откако вирусот влегол во мозокот.

Испитувања на мозокот

На крајот, тие го испитале мозокот на тројца пациенти кои починале од тешка форма на Ковид- 19 проследено со компликации и откриле докази за присуство на вирусот кај сите во различни степени.

Во заразените области, немало знаци дека се опфатени од клетки на имунолошкиот систем, како што се Т-клетките, кои брзаат на места каде што се појавуваат други вируси, како што се вирусот зика или вирусот херпес за да ги уништат.

Тоа сугерира дека можеби претераниот одговор на имунолошкиот систем познат како цитокинска бура, кој е одговорен за голем дел од оштетувањето на белите дробови кај пациентите со Ковид-19, не може да биде главната причина за невролошките симптоми кај овие пациенти.

Една од хипотезите на научниците беше дека носот може да претставува влезен пат на вирусот до мозокот, но авторите на истражувањето наведуваат дека тоа мора да се потврди со истражувања.

Тие додадоа дека се потребни повеќе обдукции за да се утврди степенот на оштетување на мозокот кај смртни случаи од Ковид – 19.

Хина – Загреб

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Околу илјада пожарникари гаснат пожар во централна Португалија

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп објави крај на војната во Газа, пред посетата на Израел и Египет

October 13, 2025

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

October 13, 2025

Фон дер Лајен в среда во Скопје, почнува тридневната турнеја низ Западен Балкан 

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk