ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Само Дурловски фигурира како независен пратеник во Собранието, формирани се пратеничките групи

September 15, 2020 12:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарните партии до претседателот на Собранието испратиле дописи за формирање пратенички групи. Во Собранието се формирани четири пратенички групи, по две од владејачкото мнозинство и опозицијата, како и пратениците од Левица и ДПА кои не се во пратенички групи. Како независен пратеник на собраниската веб – страна засега фигурира само Игор Дурловски, кој е дел од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но не е член на партијата.

Пратенички групи формираа СДСМ и коалицијата „Можеме“, ДУИ, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ и Алијанса на Албанците и Алтернатива, а како независни ќе делуваат двајцата пратеници од Левица и ДПА.

Координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата е Јован Митрески, а заменик Соња Мираковска, а претседателот на Собранието дополнително ќе биде известен за вториот заменик-координатор. Барањето е потпишано од 46 пратеници.

На пратеничката група на ДУИ координатор е Изет Меџити, а заменик координатор е Арбер Адеми, а за вториот заменик дополнително ќе биде известено. Во оваа пратеничка група се 14 пратеници.

Никола Мицевски е старо-новиот координатор на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а негови заменици се две жени, Дафина Стојановска и Ели Панова. Оваа пратеничка група брои 44 пратеници. За оваа пратеничка група е интересно што Игор Дурловски, како што стои на собранискиот сајт, во евидентен лист се изјаснил како независен пратеник.

Дванаесет пратеници ја сочинуват пратеничката група на коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива. Нивен координатор е Скендер Реџепи, а заменици Сурија Рашиди и Илире Даути.

Од Левица се Димитар Апасиев и Борислав Крмов, а од ДПА Мендух Тачи.

Врз основа на член 33 од Деловникот за работа на Собранието пратеничката група ја сочинуваат најмалку пет пратеника кои припаѓаат на една или на повеќе политички партии, а пратеникот може да биде член само на една пратеничка група.

Пратеничката група определува координатор на пратеничката група и до
двајца заменици.

Врз основа на овој член, пратеничката група на претседателот на Собранието му доставува список потпишан од секој член на групата, координаторот и неговиот заменик.

Пратеничката група има право на стручна помош и право да користи
посебна просторија, согласно со бројот на пратениците.

За промената на составот на пратеничката група, на координаторот и на
неговиот заменик, се известува претседателот на Собранието, кој за тоа ги
известува пратениците.

Собранието на Република Северна Македонија брои 120 пратеници. Дел од владејачкото мнозинство се 62 пратеници од СДСМ и коалицијата, ДУИ и ДПА, додека опозициски делуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алтернатива и Алијанса и Левица.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Почина писателот и хроничар Данило Коцевски

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп објави крај на војната во Газа, пред посетата на Израел и Египет

October 13, 2025

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

October 13, 2025

Фон дер Лајен в среда во Скопје, почнува тридневната турнеја низ Западен Балкан 

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk