ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи на средба со грчкиот колега Никос Дендиас, прва како МНР

September 16, 2020 09:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе ја има својата прва официјална средба како предводник на надворешната политика на земјава, со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, на која како што е најавено ќе бидат отворени бројни теми во рамките на билатералната соработка меѓу двете земји, како и актуелностите околу политичката динамика во регионот.

Османи, како што најавуваат од неговиот кабинет, на средбата ќе ја отвори темата и за претстојните заклучоци во рамките на телата на Европската Унија, за усвојување на преговарачката рамка за Република Северна Македонија и одржување на првата меѓувладина конференција за време на Германското претседателство, како формален старт на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Посебен фокусна средбата на двајцата министри ќе биде ангажманот и активностите на двете министерства кои претстојат во функција на интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог и вкупната соработка во различни области, согласно Акциониот план за соработка и имплементацијата на преземените обврски од Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји од Преспа.

На средбата, исто така, се очекува да бидат отворени и сите останати теми од областа на билатералната соработка: реактивирање на размената во културата, поттикнување на комуникацијата и активностите за унапредување на економската соработка, прашањата за забрзување на проектите за гасната и железничката интерконекција, како и сите останати прашања од областа не севкупната општествена и политичка размена.

Меѓу другото, се очекува и посебен осврт да се даде и на работата на експертските комисии за унапредување на добрососедските односи, како и на разгледувањето на можноста за нивна поинтензивна комуникација и непречена работа во услови на пандемијата КОВИД-19.

Османи на почетокот на мандатот најави интензивирање на комуникацијата со соседите, издигнувајќи го прашањето за добрососедските односи како врвен приоритет на надворешната политика, за што се очекува темите од оваа област да бидат во фокусот на неговата агенда во претстојниот период.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Индија над пет милиони заразени со Ковид-19

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk