ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Истражување: За успешна онлајн настава е потребно целосно или делумно адаптирање на учебниците

September 16, 2020 17:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси сите учесници, 93,9 отсто, се согласуваат со ставот дека за успешна онлајн настава е потребно целосно или делумно адаптирање на учебниците и речиси сите учесници во истражувањето, 88,9 отсто, се согласни во врска со тоа дека за успешно спроведување на ефикасна онлајн настава треба да се променат вообичаените методи во наставниот процес, покажа истражувањето  „Состојбите и предизвиците за спроведување на онлајннастава во основните училишта“, спроведено од  Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис.

Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Отворени образовни ресурси“, спроведуван од Метаморфозис, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

– Речиси половина од учесниците – 44,5 проценти, пријавија дека во училиштето, за службени потреби, користат сопствен лаптоп. Имено, 84,9 отсто од наставниот кадар за службена комуникација користи приватни имејл адреси. Ова е проблематично од повеќе аспекти, особено од аспект на заштитата на личните податоци на учениците, кои во текот на основното образование се малолетни лица, покажа истражувањето.

Имено,  скоро една третина од наставниот кадар – 31,6 процент, изјавиле дека интернет на училиште има само на својот мобилен телефон. За жал, има и локации каде што училиштата не нудат никаков интернет-пристап.

– Во голем број семејства со повеќе деца на училишна возраст, проблем претставувало и „споделувањето“ на техничките помагала (лаптоп, компјутер), односно ситуацијата најчесто налагала само еден од учениците да биде во можност да следи настава во живо, наведоа од Метаморфозис.

Значителен број – 30 отсто сметаат дека подобра варијанта од „една платформа за сите“ би било кога училиштата би имале одредена слобода при изборот на платформите и софтверите преку кои ќе се спроведува онлајн наставата за нивните ученици.
Со ставот „Во наставата има задоволителна застапеност на материјали на сите јазици на кои се спроведува наставата“ се согласуваат 45 проценти од испитаниците, додека 70 отсто од наставниците кои ја спроведуваат наставата на друг јазик (различен од македонскиот), не се согласуваат со овој став.

Целта на ова истражување е да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во Република Северна Македнија во периодот март – јуни 2020 година.

– Прибирањето на податоците за истражувањето се одвиваше во две фази: анонимна онлајн анкета, спроведена во периодот од 26 јуни до 15 јули 2020 година, наменета за наставниот кадар, менаџментот и стручните служби од основните училишта во Република Северна Македoнија, и три одделни фокус-групи, во периодот 26-27 август 2020 година, со наставниот кадар, менаџментот и со родителите на учениците од основното образование, наведоа од Метаморфозис.

Next Post

Преглед на вести во 18 часот: Апасиев му рече на новинар да „брка работа“, Грција силно лобира за преговори со ЕУ, Заедно ќе ги надминеме сите предизвици, вели Заев...

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk