ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи – Брнз: САД се стратешки партнер на Северна Македонија, ќе продолжи соработката на политиките кои ќе донесат развој и подобар живот за граѓаните

September 17, 2020 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мaри Брнз, која беше придружувана од ракводителот на канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски.

Како што соопшти владината Прес-служба, амбасадорката Брнз ги поздрави демократско спроведените избори и формирањето на Владата, а воедно упати и честитки до вицепремиерот Битиќи за назначувањето на новата функција.

Битиќи, од своја страна, се заблагодарил за континуираната поддршка од страна на УСАИД, која реализира проекти за поддршка на нашето општество уште од 1993 година, пришто додал дека помошта од УСАИД е добродојдена за реализација на предвидените приоритетни политики кои ќе значат побрз и одржлив економски раст и развој, нула толеранција за корупцијата, како и еднакви права и можности за сите.

– Во разговор за приоритетите и фокусот на работа во овој мандат вицепремиерот зборуваше за Платформата за економски развој, во која ќе учествуваат сите чинители во економскиот живот, како една од алатките која ќе користи за проширување на соработката, отворање на дијалогот и зголемување на довербата помеѓу државата, бизнисот и граѓаните од една страна а ќе служи и како платформа за борба со сивата економија, непотребната бирократија и корупцијата на сите нивоа во државата. Дополнително, тој посочи дека заедно со вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, се започнува со креирање на системски решенија за надминување на овие девијантни појави, кои во голема мера го еродираат системот и спречуваат поголем стапки на раст, се наведува во соопштението.

Амбасадорката Брнз и претставникот на УСАИД Јановски изразиле подготвеност да се подржат клучните реформи кои ќе ги спроведува Владата, потенцирајќи дека сега, како членка на НАТО, соработката помеѓу двете земји дополнително ќе се зајакне.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката Брнз се согласиле со заеднички ангажман и понатамошна комуникација, да работат посветено на унапредување на меѓусебната економска соработка која ќе оди рака под рака со преговорите за членство со Европската Унија, но пред се за подобар живот на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Next Post

ЈСП ќе продолжи да вози по саботен дневен ред поради мал број патници

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk