ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

МЖСПП: Договорени приоритети за надминување на алармантната состојба со Преспанското Езеро

September 17, 2020 15:40
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Можностите за забрзување на активностите и на национално и на меѓународно ниво заради алармантната состојба со Преспанското Езеро биле разгледани на работната средба меѓу министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски.

Заеднички став, информираат од МЖСПП, е дека со оглед на спецификата на Преспанското Езеро чии води ги делиме со Грција и Албанија, како и неговата уникатна природа и поврзаност со Охридското Езеро и реката Црни Дрим, е потребен комплексен пристап заснован на научни сознанија.

– Договорено е итно да се стави во функција работната група за чие формирање изминатиот период од страна на МЖСПП се направени консултации со повеќе засегнати страни, пред се стручните лица во областа, како и претставниците на општините и невладините организации со докажани резултати во Преспанскиот регион, информираат од МЖСПП.

Исто така, договорено е истражување и вклучување на земјоделскиот сектор кој има потенцијално големо влијание во овој регион.

– Во таа насока, веќе е иницирано вклучувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за што е договорена и заедничка посета на Преспа наредната недела, се вели во соопштението од МЖСПП.

Клучен фактор за успешно справување со прашањето, посочуваат од МЖСПП останува интензивирањето на активностите за завршување на процесот на формирање на трилатералниот комитет за Преспа Паркот, за кој штотуку беа номинирани членовите од македонската и грчката страна, а номинацијата од Албанија е во тек. Министерот се заложи за поинтензивна комуникација со неговите колеги од двете држави заради побрзо отпочнување на прекуграничната соработка за заштита на Преспа.

Next Post

Се намалува бројот на активни случаи со Ковид-19 во Берово

Shortcut

Најново

Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk