Дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“ од Струмица е позитивно на тест од коронавирус, потврди за медиумите директорот, Васил Бубев.
Детете не било носено во градинката од понеделникот, а вирусот го добило од член на семејството.
„Преземени се сите мерки за заштита од ширење на вирусот, а децата од таа група, воспитувачите и родителите се изолирани“, рече директорот Бубев.
Една група во централната градинка во Струмица од денеска е затворена, а двете воспитувачки и 11 деца ќе бидат во изолација 14 дена, бидејќи во групата имало дете позитивно на КОВИД – 19.
Ова е втор случај на дете позитивно на Ковид-19 откако повторно се отворија градинките. Завчера беше регистрирано и 15-месечно бебе, позитивбно на коронавирус, во јасли во градинка во скопски Центар.