Отворената истрага и сомневањата за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека во оваа партија ништо не променето, истакнуваат од СДСМ.
Од СДСМ велат дека јавно објавени информации говорат дека стотици илјади евра, пари од Буџетот, пари на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање кај непознати интернет портали, без импресум и без редакции.
Додаваат дека речиси и да нема кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последните изборни циклуси што не е спорна или сомнителна.
„За изборната кампања за Гордана Сиљановска, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски ја затвори сметката со долг од 400.000 евра, спротивно на законот од член 71 од Изборниот законик.
За оваа кампања, но и други, јавноста дозна и за сомнителните шеми преку фирми на Орце Камчев.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски, оставаше долгови од над три милиони евра.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека помина времето кога се затвораа сметки за изборни кампањи со милионски долгови без да има одговорност, помина времето кога со парите од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ вршеше поткуп на медиуми.
Сега е време на одговорност. Надлежните институции треба брзо да го разрешат овој, но и сите претходни случаи каде ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува законите.
Следува правда и одговорност за стои во соопштението од СДСМ