ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Остануваме посветени на добрососедство и соработка, но навредите не водат кон вистинско пријателство

September 19, 2020 08:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот меморандум упатен до земјите-членки на ЕУ, со кој Софија го доведува во прашање македонскиот национален идентитет – македонскиот јазик го оквалификува како дијалект на бугарскиот, а македонската нација ја означува како творба на Тито, и натаму ги бранува духовите, а предизвика реакции и на странските дипломати.

Премиерот Зоран Заев го повтори ставот на Влада изнесен во четвртокот за МИА дека правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности и цивилизациски придобивки, потенцирајќи дека тврдењата и изјавите што содржат навреди не водат кон вистинско пријателство.

– Посебноста на македонскиот јазик и македонскиот етнички идентитет се неспорен факт. Македонскиот јазик е составен дел од личната карта на Северна Македонја во ОН и дел од многуте прифатени признаени модерни јазици што се изучуваат на универзитетите во целиот свет. Во 21 век во Европа прифаќањето на минатото, но и на сегашноста се одраз на одговорна и зрела политика и вистинско градење пријателство, нагласи Заев.

Заев истакна дека пријателството е двонасочна улица и тоа најмногу зависи од нас самите, од нашето почитување на европските вредности и принципи, потенцирајќи дека Договорот за добрососедство е одраз на взаемно почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни.

– Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија создава правна рамка и навистина нуди инструменти за менаџирање на билатерални прашања и ние сме посветени на севкупна нивна имплементација од овој Договор. Со Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи и меѓусебната соработка, и да градиме пријателство, потенцира Заев.

Македонскиот премиер истакна дека Владата ќе продолжи во пријателски дух и ќе остане внимателна во целиот наратив, изразувајќи надеж оти постои решение од кое двете страни ќе излезат победници, како и уверување дека и бугарската страна е токму во тој правец и оти ги поддржува европските вредности.

И покрај заканите од Софија за блокада на стартот на преговорите на земјава за членство во ЕУ, Заев сепак е оптимист дека прва меѓувладина седница ЕУ-Северна Македонија ќе се одржи на крајот на годината, а дотогаш со „пријателска Бугарија ќе продолжат разговорите“ – Од комисијата продолжуват, но ќе продолжат и од политиката, за изнаоѓање решение, вели Заев.

Тој повтори дека ставот на Владата останува внимателен и ориентиран кон пријателство, додавајќи дека на тој начин дефинитивно ќе успееме и натаму да создаваме атмосфера во која ќе изнаоѓаме решенија што ќе носат добро за двете страни и за македонската и за  бугарската.

Во однос на предлогот, што во четвртокот го изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, Собранието да се донесе декларација, како контра одговор на бугарското Народно собрание, во која што идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потврдени и со самото тоа афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на овој континент, премиерот Заев изјави оти лично смета дека Собранието не треба да носи такви резолуции.

– Лично мислам дека Парламентот не треба да носи резолуции, одлуки или декларации заради тоа што веројатно потоа ќе следи нова од бугарскиот Парламент, па следна од македонскиот Парламент. Ова не води кон решение. Бугарскиот Парламент е секако демократска институција во пријателска Бугарија и носат одлуки, во ред е и веројатно се чувствува притисокот и во Бугарија за ова прашање тоа е мој личен став. Но секако Парламентот е над Владата и ако тие одлучат можат да дискутираат, но мој личен став е дека не треба туку да дадеме простор на разговорите, на преговорите затоа што само на тој начин можем да најдеме решенја и да чекориме напред, истакна Заев.

Next Post

Нови правила за настава во Ковид криза, прва национална платформа за онлајн учење

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk