ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје, Владата се грижи за лозарите

September 19, 2020 09:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Владата предводена од СДСМ, низ партнерски однос презема конкретни мерки да им помогне на лозарите, за да се ублажат последиците од коронакризата врз производството на грозје и винската индустрија, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму потенцираат дека дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје, наменето за преработка во вински дестилат и гроздов сок  ќе се обезбедат од средствата од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со коронавирусот.

„За винските сорти вранец и смедервка остануваат претходно договорените 2 денари субвенции за килограм, кои ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања, како и 2 денари субвенција за откупено грозје. Овие средства ќе им бидат исплатени на лозарите до крајот на оваа година преку Програмата за справување со кризата со коронавирусот.

Дополнително останува супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино

Владата предводена од СДСМ, во изминатите 3 години покажа вистинска грижа за лозарите, со решавање на наследениот хаос во овој сектор, со исплата на заостанатите субвенции, редовно и неселективно плаќање на субвенциите, а го реши и долгогодишниот проблем со исплатата на предадено, а неисплатено грозје на винариите „Стефани“ и „Повардарие“ со што 1,2 милиони евра завршија кај над 2.600 лозари.

Продолжуваме посветено да работиме уште повеќе за поквалитетно земјоделско производство. Како одговорна партија СДСМ презема чекори и мерки во интерес на лозарите и креира политики, кои го унапредуваат земјоделството и го подобруваат стандардот на земјоделците.“, стои во соопштението на СДСМ.

Next Post

РСБСП: Секоја година десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди

НАЈНОВО

Вучиќ: Се води хибридна војна против Србија, постојат шанси за влез во ЕУ до 2030 година, но проблемот е Косово

October 24, 2025

Исклучен сообраќајот на обиколница Скопје кај Хиподром

October 24, 2025
Генерирано со ВИ

Започнува зимското сметање на времето: Во недела стрелките еден час наназад

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk