ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

РСБСП: Секоја година десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди

September 19, 2020 09:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на Европската недела на мобилност која се реализира секоја година во периодот од 16 до 22 Септември и е со посебен акцен на промоција на велосипедизмот како одржлива форма на мобилност, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потсетува на најважните законски прописи кои треба да ги знаат и да ги почитуваат велосипедистите секогаш кога учествуваат во сообраќајот.

– Велосипед на пат може да управува лице кое наполнило десет години. Во зона на смирен сообраќај, велосипед може да управува лице помало од десет години само ако е во придружба на лице постаро од 16 години. Возачот на велосипед може да превезува други лица само ако на велосипедот постојат посебни седишта. Деца помали од 14 години не смеат на велосипед да превезуваат други лица. По автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат велосипеди. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот, потсетуваат од РСБСП на дел од правилата.

Според прописите на велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна. Возачот на велосипед е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не смее да ги симнува рацете од управувачот, и не смее да се придржува за друго возило. Возач на велосипед, за времето додека управува со велосипедот не смее да води животни.

-На велосипедски патеки уредени и обележани за сообраќај на велосипеди во двете насоки, велосипедистите се движат по десната страна во правецот на движењето. Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, возачот на велосипед се движи по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот. 25 km/h е ограничена брзината за велосипеди кога се движат по велосипедска патека или лента. Возачот на велосипед е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека – по велосипедската патека, односно лента. Ако двајца или повеќе возачи на велосипед се движат во група должни се да се движат еден позади друг, порачуваат од РСБСП за безбедно возење на велосипед.

Од Републичкиот совет апелираат да се биде одговорен велосипедист, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи бидејќи секоја година десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди.

Next Post

Лејкерси поведоа во финалната серија на Западната конференција

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk