ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: И Бугарија има интерес регионот да се интегрира во ЕУ

September 21, 2020 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави дека е оптимист оти заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања ќе изнајде решение по прашањето за Гоце Делчев.

-Верувам во стручниот и научниот капацитет на нашите историчари да изнајдат заеднички текст во тој дел, рече Османи на заедничката прес-конференција во МНР со генералната секретарка на Регионален совет за соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу.

Запрашан доколку Комисијата не постигне решение за прашањето за Делчев и како политиката ќе се справи со барањето на Бугарија која условува прашањата да бидат затворени до почетокот на преговорите, Османи рече оти не сака да прејудицира и остава можност комисиите да одржат средби и да најдат заеднички јазик односно да ги усогласат овие разлики во толкувањето.

-Не би прејудицирал би оставил можност комисиите да се сретнуваат и да се обидат да најдат заеднички јазик, односно да ги усогласат овие разлики во толкувањето. Ниту сакам да бидам песимист во однос на тоа дека нема да успеат. Како што успеаја досега да изнајдат заеднички текст што е прифатлив за двете страни за многу важни историски личности, така мислам дека ќе најдат и заеднички текст за одбележување односно за толкување на тие разлики и за другите историски фигури кои се на таа листа, рече Османи.

Повтори дека согласно планот во Договорот за добрососедство ќе се одвива целата комуникацијата во однос на прашањата со Бугарија, истакнувајќи дека комуникацијата меѓу двете земји е најдобриот начин да се надминат разликите.

-Планот е точно предвиден и запишан во Договорот за добрососедство. Во тој план во Членот 2 пишува Република Бугарија ќе ја поддржи евроатлантската интеграција на Северна Македонија и ние ќе настојуваме да се почитува тој план и тој договор, и затоа инсистираме целата комуникација да се одвива во рамката што го предвидува договорот, бидејќи тоа е во заеднички интерес на двете држави, рече Османи.

Вели дека Договорот со Бугарија ја дефинира рамката и инструментите за соработка и надминување на разликите и оти најдобар начин за решавање на проблемите е комуникација.

-Не претпочитам да користам негативен вокабулар, како црвени линии. Договорот со Бугарија ги дефинира рамката и инструментите за соработка и надминување на разликите. Најдобар начин за решавање на проблемите е комуникација. Не смееме да ја уништиме комуникацијата. Исто така, во интерес на Република Бугарија е целиот регион да се интегрира во Европската Унија, подвлече шефот на дипломатијата.

Истакна дека додека двете траектории биле испреплетени немало резултати во надминување на разликите во интерпретирање на историските фигури, ниту напредок во политичката и економската комуникација меѓу двете земји.

-Откако Договорот воспостави ред во таа комуникација и историските прашања ги одвои и ги даде на историчарите, додека политичките прашања на политичарите, имаме резултат во двете траектории, оцени Османи.

Потсети дека веќе има договорен текст за неколку историски фигури, за неколку историски периоди, кои веќе се предлагаат како консензуален текст на двете влади за да можат да ги усогласат текстовите на учебниците.

-Значи тоа е формулата на успех. Сме виделе претходна формула кога политичарите коментираат кои се идентитетските карактеристики на историските фигури и обратно кога историчарите се обидуваат да решаваат политички теми. Ги блокираат двете траектории. Затоа јас нема да навлезам во коментари што треба историчарите да заклучат врз осноа на историските документи. Наше е да создаеме предуслови врз основа на Договороот комиисиите да работат непречено, за да дојдат во добра волја на паритетна основа, да дојдат до решенија за да најдат точки на спојување и точки на заедничко одбележување бидејќи иднината е во заедничката соработка помеѓу земјите во регионот, рече Османи.

Next Post

Утре без вода викенд населбата Морани

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk