ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Ќе креираме нови работни места со цел намалување на невработеноста по три проценти годишно

September 22, 2020 11:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Главниот фокус на Министерството за економија и на Владата во наредниот период ќе биде обезбедување на можности за развој, создавање на нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните и подобри услови за работа на бизнисот, воведување на иновации кои ќе донесат раст и развој на економијата. Главна цел е да го подигнеме животниот стандард на нашите граѓани на ниво на европските развени земји, истакна министерот за економија Крешник Бектеши во презентацијата на мандатното писмо.

-Најприоритетно е во наредните четири години преку мерките и програмите во рамки на Министерството за економија да работиме на отворање на нови работни места што ќе значи намалување на невработеноста. Целта е таа да се намалува по три проценти годишно, како што правевме и во изминатите три години, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Како Министерство, посочи, ќе продолжиме со засилено темпо да ги поддржуваме домашните компании, и странски инвестиции, да работиме на поттикнување на инвестиции во енергетиката, во туризмот, во занаетчиството.

-Во наредните четири години ќе продолжам да водам економска политика чија цел ќе биде развој на иновативноста и инвестиции во технолошкиот развој како шанса за посакуваната трансформација во економијата. Таквата економија создава поголема додадена вредност, ги развива човечките ресурси и обезбедува поголема продуктивност и повисоки плати, нагласи Бектеши.

Во овој мандат, додаде, својот личен фокус особено ќе го ставам на економијата, владеењето на правото и реформата на институциите.

-Кризата од пандемијата во годинава што изминува ги забави дел од проектите што се реализираа. Во изминатите скоро седум месеци ги променивме приоритетите, односно фокусот беше свртен кон најпогодените граѓани и најпогодените сектори од пандемијата. Ќе продолжиме во таа насока и во наредниот период се додека не се врати целиот свет во нормала. Јас и мојот тим веќе активно работиме на мерки и политики коишто ќе овозможат поддршка на обновувањето одржлив и инклузивен раст, во чиишто придобивки ќе уживаат што повеќе граѓани и компании, вети министерот за економија.

Next Post

Пладневен преглед на вести: Над 500 лица во Кичево донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ, oдложено судењето против браќата Усеини, просечната плата продолжува да расте...

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk