ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Суарез под истрага за измама на испитот по италијански јазик

September 22, 2020 22:27
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Испитот за италијански јазик што го полагал напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, со цел да му биде даден италијански пасош, беше анулиран од локалната финансиска полиција. Членот на уругвајската репрезентација успешно го помина тестот во Перуџа, но се покажа дека темите во него и крајната оценка се однапред договорени.

– За време на истрагите делегирани од февруари 2020 година на Финансиската полиција во Перуџа поврзани со Универзитетот за странци, откриена е неправилност во испитот за италијански јазик што го спроведе Луис Суарез на 17 септември 2020 година. Од работата на истражителите стана јасно дека темите опфатени со испитот биле претходно договорени со кандидатот, а евалуацијата на неговата изведба била направена пред испитот, иако за време на далечинските часови универзитетските наставници процениле дека имал основно познавање на италијанскиот јазик, напишаа во официјалното соопштение од полицијата и објавија дека собирале документи за случајот.

Засега е замрзнато земањето италијански пасош од Суарез, а покрај тоа, напаѓачот е предмет на казна доколку се докаже неговата вина, прецизира „Монитор“.

Додека трае истрагата, напаѓачот ги финализира деталите за неговиот трансфер во Атлетико Мадрид. Тој се покажа како непотребен во Барса по доаѓањето на Роналд Куман, откако се согласи со клубот да го раскине договорот.

Во неговиот нов клуб, напаѓачот ќе добие годишна плата од 9 милиони евра, колку што добиваше на „Камп Ноу“.

Next Post

Филипче: Бојана го победи карциномот - една кротка убавица, покажа дека е лавица!

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk