ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сe затвора дебатата за четвртиот пакет мерки, ќе биде објавен в недела

September 25, 2020 12:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата в недела ќе ги објави мерките од четвртиот пакет. Денеска се одржуваат последните консултации на економскиот тим министри со претставници на коморите, за утре е закажн состанок на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со Економско социјалниот пакет и во недела Владата треба да одлучува на седница закажана за во 10 часот.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Љуботен, наведувајќи дека со ова се затвораат дебатите за развој на мерките.

Тој потенцира дека мерките се однесуваат на период до крајот на годината и оти дел ќе се носат преку одлуки на Влада, еден дел треба да поминат во Собранието, бидејќи, како што појасни, сега не се носат со уредби на Владата како што беше претходно во постоењето на вонредната состојба.

– Верувам дека ќе опфатиме мерки за трите месеци од годината и оти имаме простор до 15 октомври да ги донесе Парламентот, потенцира Заев.

Според него, буџетот е во кондиција и во моментот Владата е фокусрана кон поддршка на економијата, работните места и посиромашните граѓани, затоа што, како што рече, само така може да очекуваме идни приходи во буџетот, со задржување на работните места.

Засега мерките се предвидени за до крајот на годината, а за нови ќе се разговара во декември.

– Рационални сме во одлуките. Не смееме да носиме одлуки од сега до март. Носиме одлуки во рамки на една буџетска година. Веројатно во декември ќе развиеме следни пакети за од јануари до март, април, мај до кога ќе бидат и предвидувањата. До крајот на годината веќе очекуваме вакцина да постои во светот, лекарства и психолошкиот момет да го растовари македонското стопанство за да може секако да се придвижи уште подобро економијата. Затоа развивме, согласно закон, мерки што траат до трите месеци. Но, ќе видите во пакетот има мерки што се однесуваат и за до крајот на 2021 година. Имаме одложуваање на акотанции, ослбодување од даноци што треба уште сега да ги знаат компании, истакна Заев, додавајќи дека не сите еднакво патат од кризата, кај некои има 100 отсто влијание, кај некои 30, кај некои и помалку.

Во однос на субвенционирањето на плати по етничка основа, Заев посочи дека тоа е јасно определено во програмата на 39-та страна во делот каде се работи за водење грижа за еднаквоста при помагањето, односно рамномерниот регионален развој.

– Граѓаните се едакви, еднаквоста мора да биде застапена, но не може да кажеме дека сме еднакви ако кумановскиот регион има најмногу невработени, после тоа е скопскиот и сите други региони. Тоа значи посебна ориентација по регионите каде има најголема невработеност. Посебно не може да кажеме и дека ни се исто развиени селата и градовите, што значи поголем фокус на селата во делот на поддршката на работни места, инвестиции или развој на севкупните економски аспекти, рече Заев.

Next Post

Меѓу први и 20 октомври ќе завршиме со одлуките за поставување раководни лица во институциите, вели Заев

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk