ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковид 19 во светот: Досега починале 995.352 пациенти

September 26, 2020 19:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

– Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на Ковид-19 и уште седум смртни случаи.Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 17.228, а починаа 376 лица.

-Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 13 нови случаи на Ковид-19 од 3.220 направени тестови. Од почетокот на епидемијата заразени се вкупно 1.684 лица.

-Во Албанија, во последното деноноќие, од направените 811 тестови, Ковид-19 е дијагностициран кај 108 лица. Во исто време оздравени се 88 оздравени или 7.397 од вкупно заразените, додека починале две лица или 375. Во земјата до сега тестирани се 84.772 лица при што позитивен резултат е добиен кај 13.153 од нив. Активни на болеста се 5.381 лице

– Според денешните податоци на институтот Роберт Кох, бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 2.507 – на 282.730. Уште девет лица починаа, а од почетокот на пандемијата, вкупниот број на починати е 9.452.

– Во Бразил починаа 140.537 лица како резултат на инфекција со вирусот, објави Министерството за здравство. Само во последните 24 часа регистрирани се 654 нови смртни случаи и скоро 30.000 нови случаи. Вкупниот број на заразени во Бразил е 4.689.613.

– Во изминатите 24 часа, во Индија се регистрирани 85.362 нови случаи на коронавирус, што покажува дека ширењето на пандемијата забавува овој месец во таа земја. Според Министерството за здравство, вкупниот број на заразени надмина 5,9 милиони. Во последните 24 часа починаа уште 1.089 лица, а вкупно 93.379 досега. Просечниот број на нови инфекции во Индија минатата недела падна на околу 7.000 дневно, откако на 16 септември беа забележани рекордни 97.894.

– Рекордни 3.833 случаи на коронавирус се регистрирани во Украина во последните 24 часа.Претходниот рекорден број на нови пациенти беше регистриран на 17 септември – 3.584. Досега се пријавени вкупно 195.504 случаи на коронавирус во Украина, додека вкупно 3.903 лица починале, а 86.873 се опоравиле. Бројот на заразени во Украина се искачи на над 3.000 во септември, што резултираше со продолжување на карантинските мерки на Владата до крајот на октомври.

– Во последните 24 часа, потврдени се 212 нови случаи на инфекција со коронавирусот во Хрватска, а бројот на активни случаи во моментов е 1.333. Од нив, 271 пациент е во болница, од кои 25 се на респиратори. Починаа три лица. Вкупно 16.007 случаи на коронавирус се регистрирани во Хрватска од почетокот на епидемијата, а 269 лица починале. Вкупно се опоравиле 14.405 луѓе, од кои 102 во последните 24 часа. Во моментов има 9.257 лица во самоизолација.

– Во Австрија, бројот на новоинфицирани останува на многу високо ниво, слично на оној на врвот на пандемијата, а во последните 24 часа се регистрирани 714 нови случаи на инфекција. Во споредба со претходните две саботи, кога беа регистрирани 813 и 869 новоинфицирани лица, ова е малку помала бројка. Сепак, министерот за здравство, Рудолф Ансобер, процени дека бројот е новозаразени се стабилизира на многу високо ниво, а експертите се загрижени дека бројот може дополнително да се зголеми како резултат на падот на температурата. Вирусолозите посочуваат дека со пад на температурата за околу десет степени и поголема влажност, условите се погодни за ширење на вирусот, особено поради фактот што луѓето се повлекуваат во затворени простори во такви периоди.Од 714 новоинфицирани во Австрија, дури 297 се регистрирани во Виена и 129 во Долна Австрија.Во моментов во Австрија има 8.498 активни пациенти, од кои 411 се хоспитализирани, а 78 се на интензивна нега.

– Потврдени се уште 184 случаи на коронавирус во Словенија, што е второ најголемо дневно зголемување на бројот на новоинфицирани. Потврдени се 184 случаи на коронавирус од 2.775 тестирани примероци, што значи дека 6,6 проценти од испитаните биле позитивни. Претходниот ден, кога беа потврдени 192 случаи на инфекција, имаше многу повеќе тестирани, а 5,3 проценти беа позитивни, пренесува агенцијата СТА. Седумдесет и две лица со коронавирус биле хоспитализирани, додека вчера имало 60 лица. Бројот на пациенти на интензивна нега е поголем за еден во споредба со претходниот ден и сега е 16. Еден смртен случај е пријавен во изминатите 24 часа, а од почетокот на епидемијата починале вкупно 146 лица.

– Во Чешка, бројот на потврдени случаи на коронавирус се зголеми за 2.946, што е второ најголемо зголемување на бројот на нови случаи за еден ден, според денешните податоци на Министерството за здравство. Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција од почетокот на епидемијата е 61.318 во земја со 10,7 милиони жители. Уште 15 лица починаа од коронавирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 582.

– Уште 7.523 лица се заразени со вирусот во Русија, што е најголем број на нови случаи од 22 јуни, беше објавено денеска во Москва. 169 лица починаа од вирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 20.225.

– Во Полска денеска се регистрирани 1.584 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од рекордните 1.587 регистрирани вчера. Поради таквите бројки, Полска е се поблизу до повторно воведување на рестриктивни мерки. Според Министерството за здравство, таа земја веројатно ќе воведе нови ограничувачки мерки. Вкупно 85.980 лица се заразени со вирусот во Полска досега, додека 2.424 лица починаа. Полска првично успешно се бореше против пандемијата на коронавирусите, но бројот на случаи почна да расте во текот на летото. Многу Полјаци ги игнорираа препораките да носат заштитни маски откако повеќето ограничувања на движењето беа укинати во мај, воведени во март и април. Училиштата и градинките повторно беа отворени на 1 септември.

– Во последните 24 часа, потврдени се нови 233 случаи на коронавирус во Босна и Херцеговина. Во Федерацијата БиХ биле тестирани 1.310 примероци, од кои 174 биле позитивни на коронавирус. Во Федерацијата БиХ, излекувани се 13.323 пациенти, а 126 пациенти се опоравиле во изминатите 24 часа. Во моментов има 3.560 активни случаи. Во изминатите 24 часа, пријавени се шест нови смртни случаи во Институтот за јавно здравје на Федерацијата Босна и Херцеговина, а од почетокот на епидемијата, вкупниот број на смртни случаи е 497.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Зеќири: Градење на еластичност во заедниците за намалување на прагот на насилството 

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk