ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

September 28, 2020 12:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија.

Тој во интервју за ТВ Телма во пресрет на новата средба на Мешовитата комисија за историски прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија што ќе се одржи во Скопје на 15 и 16 октовмри по пауза од речиси една година, го коментира барањето на бугарскиот тим кој во Скопје доаѓа со непроменет став, за Гоце Делчев да се идентификува како Бугарин.

– Во решавањето на вакви конфликтни ситуации ако го земеме европското искуство, секогаш за нерешени прашања се води дијалог. За многу конфликтни ситуации дијалогот е единствено решение. Ние ќе продолжиме со дијалог за Гоце Делчев. Меѓутоа во тој дијалог секогаш треба да се бара решение кое ќе биде прифатливо и за двете страни. Прифатливо решение значи во кое ќе нема победник, односно, двете страни ќе бидат задоволни од решението. Прифаќањето на еднострано решение за Гоце Делчев, дали тој да биде Бугарин или Македонец не е решение во овој спор, вели Ѓоргиев.

За тоа каде гледа решение за ова, тој се повика на европското искуство и примена на алатката на мултиперспективност, односно кога се земаат во предвид двете перцепции за одреден настан или за одредена личност

– Тие две перцепции се рамноправни кога се претставуваат пред јавноста, видувањето на настанот или личноста на едната страна и видувањето на настанот или личноста на другата страна – како гледаат двете страни на тој настан. И таа еднаква перцепција кон одредено недоразбирање, за одредена личност или настан, мислам дека во овој момент е решение да се надмине спорот со Гоце Делчев, вели шефот на македонскиот тим од Мешовата комисија за историски прашања.

Запрашан дали ова досега им го предложиле на бугарските колеги и за нивната реакцијата тој потврди дека на охридската средба во октомври, од наша стара бил даден таков предлог, меѓутоа тогаш бугарската страна го одбила тој предлог.

Прашан во однос на Меморандумот кој Бугарија го испрати до Европската комисија околу преговарачката рамка во кој го негира постоењето на македонската нација и македонскиот јазик пред 1944 година, каде што наведува дека тоа е етнички инженеринг и обвинува за ревидирање на заедничката историја, Ѓоргиев е дециден дека нациите не се создаваат со декрет.

– Нациите не се создаваат со декрет, ниту нациите може да ги создаде едно лице, едно тело со одлука. Создавањето на нациите е долготраен и многу сложен и комплексен процес. И од тука тврдењето дека македонската нација е создадена со декрет во 1944 година нема асполутно никаква научна основа, вели Ѓорѓиев.

Процесот на создавањето на оваа современа македонска нација, појаснува тој, започнува во втората половина на 19 век и ги поминува сите фази кои ги поминуваат и други балкански нации, овде во нашето соседство.

– Нашиот пат апсолутно, не е поразличен од патот на другите нации.  И затоа да се тврди дека ние сме нација создадена преку ноќ, од ништо, според мене не е научно. А во однос на ревизијата на историјата, вие можете да ревидирате одредени настани, историјата да ја ревидирате, само доколку имате нови релевантни документи. Само на тој начин може да се прави реизија на историјата. Кога со аргументи, со документи, таа ревизија ќе стане вистина потребна. Меѓутоа ревизија со политички притисоци со какви било ненаучни аргументи не може да се прави и асполутно тоа не е целта на оваа Комисија, да прави ревизија на историјата, заклучува копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија, Драги Ѓоргиев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Осуда од Европската комисија за полициската бруталност против Ромите

НАЈНОВО

фото Лајен/Х

Фон дер Лајен се сретна со претставници на граѓанското општество: ЕУ е подготвена да ја поддржи Србија во градењето стабилна демократија

October 15, 2025

Шукова: Проблемот со водата во Скопје мора системски да се реши, не со привремени зафати

October 15, 2025

Мисајловски на состанок на НАТО, поддршка за зајакнување на Алијансата и стабилност на Западен Балкан

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk