ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Платформата за образование на далечина може да работи на скоро сите компјутери, мобилни или таблети купени во последните три години

September 29, 2020 10:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пред почетокот на новата учебна година во време на ковид-19, многумина родители последните денови од септември, наместо да купуваат прибор за на училиште, тетратки, моливи, пенкалца, побрзаа да купат нов компјутер или лаптоп. Тие добија препораки од Министерството за образование и наука околу тоа која треба да е минималната конфигурација (силина и брзина) на компјутерот што ќе го купат. Наеднаш продавниците за компјутери добија илјадници потенцијални купувачи. Тие, пак, наместо да ги снижат цените, го искористија моментот и го сторија токму спротивното, па така компјутери со стара технологија сега се продаваат по повисоки цени отколку што чинеле пред околу една година, пишува Мета.мк.

Оттаму ги анализирале препорачаните минимални спецификации за уредите кои ќе ги користат децата за наставата на далечина и заклучокот е дека Националната платформа за образование на далечина (schools.mk) може да работи на скоро сите компјутери, лаптопи, мобилни уреди и таблети купени во последните три години.

Ова го потврдува и Владислав Бидиков, ИТ експерт вклучен во имплементацијата на Националната платформа за учење на далечина.

„Платформата е микс на две веќе постоечки платформи, ‘Teams’ и ‘Moodle’ и фактички таа може комотно да работи и на постари уреди кои имаат каква било интернет конекција. Најчесто доволна е и 4G конекцијата која ја имаат скоро сите смартфони“, вели Бидиков за Мета.

Тој им препорачува на родителите, пред да појдат да купат нов компјутер, внимателно да ги прочитаат, често поставуваните прашања на самата веб-страница на платформата.

„Во делот на Често поставувани прашања што се однесува на минималните конфигурации на ИТ уредите е убаво објаснето дека платформата функционира на десктоп, лаптоп, таблет или смартфон и тоа преку прелистувач (браузер), односно нема потреба да се инсталира дополнителен софтвер“, вели Бидиков.

Коментирајќи ги написите во одредени медиуми дека веб-страницата на платформата „паднала“, Бидиков вели дека тоа не е воопшто случај туку редовна постапка при тестирање на ваков сложен софтвер за кој е потребно внимателно подесување при тестирање во живо со реални корисници.

СПЕЦИФИКАЦИИ ЗА ЗАСТАРЕНА ТЕХНОЛОГИЈА

Ако подетално се погледнат спецификациите кои се наведени како минимални од страна на МОН, ќе се увиди дека станува збор за технологија која е на пазарот најмалку три години.

Така, на пример, седмата генерација на интеловите i3 процесори за прв пат се појавува на почетокот на 2017 година. Од сите спецификации наведени како минимални, овие процесори се всушност најнови.

Во однос на РАМ меморијата, не се наведени подетални специфики, но со сигурност може да се каже дека минимум 4GB РАМ меморија е дел од скоро сите компјутерски конфигурации во последните пет години.

Исто така, SSD дисковите се повеќегодишен стандард без кој не може да се замисли нов компјутер во последните три-четири години.

Наведената, пак, минимална резолуција на екраните од 1024 x 768 пиксели веќе одамна е под стандарната (дури и за социјалните мрежи) резолуција од 1920 х 1080 пиксели. Новата технологија веќе применува 4К резолуција (3840 x 2160 пиксели) дури и кај преносните компјутери, односно т.н. лаптопи.

Графичката меморија сега се мери во десетици гигабајти, а виндоуз 10 оперативниот систем е стандард повеќе од три години, како и USB 2.0 портовите.

Стандардната опрема на сите лаптоп компјутери одамна вклучува и вграден микрофон, камера и звучници.

МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ И СТАРИТЕ КОМПЈУТЕРИ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Инаку, министерката за образование Мила Царовска минатата недела информираше дека 40.000 деца немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата и за нив училиштата ќе отпечатат наставни материјали.

„Тоа е затекната состојба, која не може да се надмине во период од еден месец. За тие деца, ќе имаме часови што ќе бидат поставени на Националната телевизија, на каналите што се веќе обезбедени и преку нив тие ќе може да бидат изложени на информациите што треба да ги добијат во училиште“, рече Царовска.

Борче Стаменов пак, граѓанин од Кавадарци кој меѓу народот стана вистински херој со тоа што поправа стари компјутери и ги донира на оние што немаат, за Мета вели дека проблемот со недостаток на компјутери може да го решат и институциите на државно и локално ниво.

Стаменов вели дека секоја институција има стари компјутери кои може да бидат оспособени за работа.

„Не мора да бидат нови компјутери. Сите институции, посебно школите во Македонија, сите во подрумите имаат опрема што не ја користат, а книговодствено не можат да ја отпишат. Чекаат цената да им падне минимално за да не платат данок. Има фирми кои таа опрема не можат да ја отстранат поради законска пречка, која може лесно да се смени. Проблемот со недостаток на компјутери на семејствата може да се реши со ич пари,“ додава Стаменов, кој како граѓанин до сега има оспособено повеќе од 360 стари компјутери и ги донирал каде што е потребно.

 

 

Next Post

Вежба за справување со Ковид-19, злоупотребена од заговарачите на „коронавирус не постои“

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk