ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Амнести Интернешнл ги осуди постапките на полицијата и судот против демонстрантите во Франција

September 29, 2020 11:31
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според извештај на Амнести Интернешнл за 2018-2019 година, повеќе од 40.000 демонстранти во Франција биле осудени врз основа на „многу нејасни законски одредби“.

Строгите постапувања на полицијата против демонстрантите во Франција достигнаа невидени нивоа за државата, а постапките на судовите против нив се незаконски. Ова го изјави францускиот огранок на меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“ во својот извештај за состојбата во оваа област, подготвен врз основа на 18-месечни проучувања во земјата.

– Од 2018 година, (почетокот на движењето на „жолтите елеци“) репресиите против демонстрантите во Франција достигнаа ниво без преседан. Да станеш учесник во мирни демонстрации во земјата значи да се изложиш на ризик да станеш жртва на насилни акции од страна на полицијата. Освен тоа, на крајот од денот можеш да бидеш уапсен и одведен во полициска станица, истакнуваат експертите во извештајот.

Според нив, „властите во земјата масовно користат закони спротивни на меѓународното право и предвидуваат парични казни, неоправдани притвори и гонење на лица кои не користеле насилство“. Во исто време, се наведува дека „во последните години, протестните движења во Франција значително пораснаа“ – не станува збор само за „жолтите елеци“, туку и за демонстрациите на кои се повикува на итни мерки за заштита на климата, обезбедување социјална правда, протести против незаконските дејствувања на полицијата, против расизмот, намалувањето на пензиите итн.

Податоците на организацијата, цитирани во извештајот, покажуваат особено силни репресии од страна на властите врз учесниците во движењето „жолти елеци“. Во периодот од ноември 2018 година до јули 2019 година, 11.203 од нив биле приведени. Подоцна, повеќе од половина беа ослободени без никакви правни последици. Останатите се истражени и осудени за дела што не треба да се сметаат за кривични дела.

Активистите за човекови права ги опишуваат постапките на Франција како „сурова правда“. Според извештајот, во периодот 2018-2019 година повеќе од 40.000 демонстранти биле осудени „врз основа на нејасни законски одредби“, често користени за незаконско ограничување на човековите права, особено правото на мирно собирање и правото на слобода на изразување.

Next Post

Регистрирани 593 прекршоци за неносење маски за лице

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk