ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Брана на реката Отиња после повеќе децении станува реалност

September 29, 2020 12:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Распинаша е јавна набавка од страна на Министерството за транспорт и врски, за избор на најповолен понудувач за изградба на брана на реката Отиња. Се работи за брана со висина од 34 метри во непосредна близина на градот. Таа ќе биде наменета технолошка вода за потребите во градот, заштита од поплави, а во втора фаза и производство на електрична енергија, известуваат од Министерството за транспорт и врски.

Местото ќе биде за рекреација на штипјани, но и други граѓани од државата. Ќе биде можност за иден развој на градот во наредните години и децении со што Штип ќе добие нова реалност.

Денеска заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски го најавија тендерот и посакаа успешна постапка за избор на најповолниот економски оператор кој ќе има рок од 30 календарски месеци да го изработи овој капитален проект за граѓаните.

„Би сакал накратко да се вратам во времето кога ја преземав градоначалничката функција.  Пред неполни 3 години не затеков никаква документација. Готов проект немаше во Општината.

Влегов со огромен ентузијазам за реализација на овој капитален проект. Многу луѓе ме одвраќаа од намерата, не веруваа  дека е возможно, ме предупредуваа на внимателен пристап затоа што многу децении ова останало само ветување. Но знаев дека ако работиме посветено резултатите ќе дојдат,“ изјави министерот Бочварски.

За овие неполни 3 години Бочварски како претходен градоначалник на Општина Штип заедно со сите вклучени институции и експерти изработија: Основен проект и ревизија; Изработка и донесување ДУП за брана Отиња; Решено земјиште под трупот на браната; Доделено земјиште преку Влада на Општина Штип; Согласност од сите релевантни институции меѓу кои и ИЗИИС; Добиено одобрение за градење од страна на МТВ; Обезбедување на финансиски средства од страна на Владата предводена од премиерот Зоран Заев за изградба; Распишување на постапка од страна на МТВ.

„Проценетата инвестициона вредност за изградба изнесува 460 милиони денари или 7,5 милиони евра.  Средствата за изградба се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски. Рокот за изградба е планиран да изнесува 30 календарски месеци,“ дополни Бочварски.

Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов истакна дека денеска е посебно важен ден за штип и Штипјани, затоа што започнува процесот на изградба на најважниот проект за градот, брана на река Отиња.

„Денес всушност сме сведоци на тоа како еден сон преминува во јаве. Започнува остварувањето на повеќедеценискиот сон на штипјани за брана на река Отиња.

Тешко е да се каже нешто за оваа брана што веќе не е кажано. Но денес јавноста е сведок дека преминуваме од зборови на дела.

Беа потребни тони хартија за да се изработи проект, да се обезбедат и добијат сите потребни дозволи, документи, проценки, за конечно да го направиме овој значаен чекор, распишување на јавна набавка за избор на најповолен изведувач на овој капитален објект,“ истакна заменик градоначалникот Миланов.

Во овој процес секако своја заслуга имаа и повеќе луѓе и институции меѓу кои, поранешните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и Трајан Димковски, поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугаревски, а секако премиерот Зоран Заев кој секогаш има слух за потребите на граѓаните.

Заменик градоначалникот и министерот дополнително се заблагодарија и на професорите од Градежен факултет, експертите од ГИМ и ИЗИИС, на вработените во Општина Штип, министерството за транспорт и врски, ЈП „Стипион 2011“ како и сите останати.

 

Next Post

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

НАЈНОВО

Фото Генерирано со ВИ

„Инфлацијата јаде, владата молчи“ – опозицијата удри со бројки, власта со избори

November 10, 2025
Фото: КИЦ Тирана

Стоечки овации за македонското трио Анимато во Тирана

November 10, 2025

„Храбриот нов театар“ е мото на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДПА се нуди да станат дел од Владата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk