ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Владата ќе одлучува за целодневната настава, МОН и СОНК ќе решаваат за дополнителните часови на наставниците

September 29, 2020 13:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска на седница ќе  разгледува и одлучува за воведување на целодневната настава во училиштата, соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска. Со СОНК договараат решенија како ќе се надмине проблемот со зголемениот обем на работа на наставниците кои ќе имаат дополнителни часови.

-Ако се пушти целодневната настава, малите групи од 20 ученици ќе си работат со двете наставнички како што си било. Не станува збор за дневен престој, туку за целодневна настава. Дневниот престој не е дискутиран зашто таму се мешаат деца од повеќе одделенија и од повеќе групи, а во целодневната настава се едното одделение со истите наставнички. Затоа е важно тоа денеска да се разгледа на Влада и да се донесе одлука како што препорачуваат од Комисијата за заразни болести, рече Царовска при посетата на основно училиште во Гази Баба.

Со СОНК и градоначалнците е дискутирано за решение за наставниот кадар кога одделението ќе треба да се подели на помали групи. Едната опција е итна и неодложна, рече Царовска, зашто треба дополнителен кадар.

-Имаме друг персонал којшто може да се вклучи за поддршка на целодневната затоа што во вториот дел од наставата имаме повторувања на знаењата кои поминале во текот на денот, што значи дека и друг од училиштето може да помогне тука, а по Законот за работни односи имаме можност и за плаќање дополнителни часови, додаде министерката.

Претседатрелот на СОНК Јаким Неделков ја нагласи важноста да се најде решение за поголем обем на работа на наставниците и дека е сериозен проблем дуплирањето на часови со оглед на кадарот со кој располагаат училиштата особено ако се воведе  целодневната настава.

– Во соработка со МОН и со локалните самоуправи ќе се изнајдат решенија за сатисфакција на дополнително вложениот труд на оние наставниците кои вонредно ќе имат дополнителен број часови. За нас како Синдикат е неприфатлива опција 50 наставни часови во текот на неделата, но очигледно имаме разбирање од социјалните партнери и моето убедување е дека во рамките на нивните надлежности, на МОН и на ЗЕЛС, ќе се изнајде решение зашто имаме реален проблем, додаде Неделков.

Next Post

Стабилизација на времето од утре, пониски утрински температури, од викендот затоплување

НАЈНОВО

Фото Генерирано со ВИ

„Инфлацијата јаде, владата молчи“ – опозицијата удри со бројки, власта со избори

November 10, 2025
Фото: КИЦ Тирана

Стоечки овации за македонското трио Анимато во Тирана

November 10, 2025

„Храбриот нов театар“ е мото на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДПА се нуди да станат дел од Владата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk