ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Владина помош и за протестите на ВМРО ДПМНЕ

Помош ќе добијат и сите оние од ВМРО ДПМНЕ и од останати опозициски партии кои излегуваат на протести против Владата, но, кои во секојдневниот живот спаѓаат во било која категорија што ги опфаќаат 31- та мерка на Владата токму на СДСМ

September 29, 2020 13:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ / СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Што не е јасно?
Граѓаните заглавени во економска и здравствена криза побараа помош од Владата, – и ја добија. Помош побараа и синдикатот и стопанските комори. И тие го добија она што и самите во консултација со Владата го побараа. Едните, задржување на работниците на работа, другите финансиска подршка на фирмите најпогодени од кризата.

Помош ќе добијат и сите оние од ВМРО ДПМНЕ и од останати опозициски партии кои излегуваат на протести против Владата, но, кои во секојдневниот живот спаѓаат во било која категорија што ги опфаќаат 31- та мерка на Владата токму на СДСМ. Исто како што добија и од претходните три пакети мерки, кои со картички, кои без картички.
Тогаш зошто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е против мерките?
Дали е Раководството на ВМРО ДПМНЕ против закрепнување на граѓаните?
Или сметаат дека е малку она што сега се планира да се издвои? Тогаш што предлагаат тие, можеби поголемо задолжување на државата?

Не слушнавме никакви конкретни предлози од претседателот на партијата Мицковски, освен политички квалификации за актуелната власт кои секојдневно ги „истураат“ неговите гласноговорници. Иако граѓаните, особено нивните подржувачи веројатно очекуваа многу повеќе и подобри предлог мерки од своите политички репрезенти, кои евентуално би им ги испорачале како пакет помош, доколку тие би биле на власт. Ништо од тоа не добија.
Зачудува што од април наваму со свои идеи и забелешки не се појавил професорот Трајко Славески кој е и водач на економскиот тим на партијата, кој барем има стручни и чисто економски забелешки на мерките на власта. Иако и тогаш единствениот предлог кој партијата го испорача беше барањето, парите што се уплатуваат во приватниот пензиски фонд да се искористат за покривање на државниот, што веднаш предизвика реакција, како и тоа мерките да важат еден месец повеќе и да опфатат 70 до 80 отсто од нето платите.

Дали предложениот пакет можел да биде и подобоар? Веројатно да. Но, можел да биде и полош!
Велат колку пари, толку музика. Досега се потрошени, или допрва ќе бидат, една милијарда евра. Не е малку. Дотолку повеќе што тие пари некој, некогаш ќе треба да ги врати.

Колку што е познато ВМРО ДПМНЕ уште за првите три економски пакети мерки кои ги подготви оваа Влада, кога корона кризата го задаваше својот прв удар, велеше дека тоа се анемични мерки и се залагаше за што повеќе пари кон граѓаните, за сега кога парите одат директно кон најпогодените категории од населението, Мицковски да коментира дека тоа било гол популизам и институционален поткуп на граѓаните.

Затоа ова раководство делува осамено и безидејно. Целата ПР стратегија им е насочена само кон обиди за политичка и лична дисквалификација на власта без да се води сметка за „својот“ учинок во подобрување на состојбите и на граѓаните и на државата во целина.
Наместо пред да „истрча“ со гола критика, Мицковски требаше прво тој да оствари средба со Стопанските комори и со Синдикатот, да ги согледа нивните потреби, а не од „екс катедра“, или „од дома“ да шпекулира што е најдобро за стопанството, за работниците, за пензионерите, за игротеките, вежбалните или за културните работници.
Политичката битка не се води само на улица и не само со критика. Треба ВМРО ДПМНЕ што поскоро да престане со секојдневната конфузна „ад хок“ критика на се и сешто и да формира „Влада во сенка“ која ќе подготви своја јасна програма и политичка и економска, со која конструктивно ќе се спротивстави на Владината стратегија за тоа каде ја води државата.
Тогаш граѓаните ќе имаат избор, дури и пред изборите. И нема да гласаат традиционално „против“, туку ќе гласаат „за“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk