ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се очекува до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција, билатералната соработка во преден план

September 30, 2020 07:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По позитивните пораки, што ги доби министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел, упатената надеж за скорешно отворање на преговорите од страна на новиот евроамбасадор во земјава Дејвид Гир, како и по поддршката за европските перспективи на РСМ, искажани во писмото на високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел, упатено до вицепремиерот задолжен за европски интеграции Никола Димитров, се очекува скорешно одржување на првата меѓувладина конференција, со која ќе се означи стартот на преговорите со Европската Унија.

Продлабочувањето на билатералните односи се меѓу главните чекори на патот на Северна Македонија кон Унијата. Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство се оценети како позитивни примери, а како што најави Османи ќе следи и интензивирање на контактите со Софија со цел да се надминат проблемите.

Гир, во интервјуто за МИА изрази надеж дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро.

– Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, нагласи тој.

Гир ги оцени Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија како позитивни примери не само во регионот, туку и пошироко.

– Многу е важно да се продолжи со имплементација овие билатерални договори во добра атмосфера, потенцираше новиот евроамбасадор.

Борел, во писмото упатено до Димитров, истакна дека со нетрпение го очекува усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

– Бидете уверени во мојата лична посветеност на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ,  посочи Борел.

Тој нагласи дека Западниот Балкан е дел од Европа и знам, како што наведе, дека ја споделувате мојата решителност да ја видам Северна Македонија, како и регионот во целина, како напредува во остварувањето на европската перспектива.

Османи оствари дводневна посета на Брисел, каде се сретна со Борел, потпретседателката на Европската комисија задолжена за демократија и демографија како и за конференција за иднината на Европа, Дубравка Шуица, еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, како и со високи официјални претставници на Европскиот парламент и европарламентарци.

Тој, при посетата од сите европратениците добил охрабрувачки пораки дека Северна Македонија треба да започне со преговорите за членство во ЕУ до крајот на оваа година, како што планира германското претседателство.

Од Европскиот Парламент се заложиле да помогнат Северна Македонија да ги започне преговорите до крајот на оваа година. Истакнале и дека земјата треба да продолжи со реформите, а најавиле и продолжување на дијалогот „Жан Моне“ за олеснување на политичкиот дијалог помеѓу партиите во Собранието.

На состанокот со Борел, на Османи му била упатена порака дека се очекува од македонската влада да продолжи да ги исполнува реформите за членство во ЕУ,  да ја одржи и забрза имплементацијата на реформите поврзани за ЕУ, особено во однос на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал како и натамошното зајакнување на добрососедските односи.

Министерот за надворешни работи најави и интензивирање на контактите со Бугарија со цел да се решат проблемите, а во однос на Мултидисциплинарната комисија за историски и образовни прашања, заклучи дека треба да ја продолжат својата работа во насока на постигнување напредок.

Next Post

Гир за МИА: Земјава се движи во правилна насока, да се зголеми темпото во реформите за владеење на правото

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk