ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Герберих: Со Франција се усогласуваме за политиката за Западен Балкан

Германија и Франција соработуваат со години, се помируваат и соработуваат во рамките на ЕУ. Се усогласуваме во врска со политиката на Западен Балкан, а целта е заедничка – да овозможиме наскоро започнување на пристапните преговори за земјите од Западен Балкан, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих во Прилеп при денешната комеморација на Германските гробишта за загинатите војници од Првата светска војна

November 11, 2019 16:58
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Германија и Франција соработуваат со години, се помируваат и соработуваат во рамките на ЕУ. Се усогласуваме во врска со политиката на Западен Балкан, а целта е заедничка – да овозможиме наскоро започнување на пристапните преговори за земјите од Западен Балкан, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих во Прилеп при денешната комеморација на Германските гробишта за загинатите војници од Првата светска војна, пренесе МИА.

– Постои тесно, блиско пријателство помеѓу Франција и Германија и ние тоа го покажавме тука по крајот на Првата и по крајот на Втората светска војна. Сфативме дека не сакаме никогаш повеќе да се повтори. Германија и Франција се соседни земји, Германците и Французите соработуваат, се среќаваат и оваа соработка постои со години. Двете земји соработуваат во рамките на ЕУ и се усогласуваме, едни со други, во врска со политиката за Западен Балкан. Помеѓу пријателите можно е да има различно мислење, но целта е заедничка, а тоа да овозможиме наскоро започнување на пристапните преговори за земјите од Западен Балкан и во однос на таа заедничка цел не постојат разлики помеѓу Германија и Франција. Во следниот период ќе водиме разговори на оваа тема, на различни нивоа во Брисел, во Париз, во Скопје и мислам дека заедно може да постигнеме многу добри резултати, изјави Герберих.

На прашањето дали овој модел на соработка помеѓу Франција и Германија може да се примени во однос на релациите со Грција, ако се има предвид дека пријателство помеѓу двете земји се потпира засега само на еден договор, Договорот од Преспа, амбасадорот Герберих нагласи дека започнувањето на едно вакво помирување не треба да се стави на коцка.

– Ние се обидувавме да дејствуваме како модел за помирување, како на пример, помеѓу Грција и Северна Македонија и мислам дека овој пример за германско-француското помирување може да важи во целиот свет. Мислам дека треба да постои подготвеност за постигнување компромиси, сопствените интереси да бидат ставени на страна и тоа е она што ние се обидуваме секоја година одново да го покажеме. Со Преспанскиот договор сите страни тоа го покажаа, и грчката страна која е свесна за својата одговорност за овој регион и ја презема одговорноста. Мислам дека започнувањето на едно вакво помирување не треба да се стави на коцка, изјави Герберих.

Next Post

Платите за лекарите-специјалисти се зголемуваат за 25 проценти, за медицинските сестри за 10 проценти

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk