ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче се сретна со Брнз: САД е наш стратешки партнер во јакнење на здравствениот систем

October 1, 2020 15:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, на која и се заблагодари за континуираната поддршка во унапредување на здравствената заштита и успешно справување со коронавирусот во нашата држава.

– САД сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем. Упатувам посебна благодарност до амбасадорката Кејт Maри Брнз за несебичното залагање уште од почетокот на кризата, кога добивме огромна помош, прво во заштитна опрема, материјали, а понатаму и во медицинска опрема за Инфективната клиника, Институтот за јавно здравје, како и заштитна опрема специфична за Клиниката за гинекологија и акушерство, истакна министерот Филипче по средбата.

Со поддршка од Американската амбасада, Институтот за јавно здравје доби кабинет со биосигурност ниво 3, во вредност од 500 илјади американски долари, како и доопремување на ИЈЗ со тестови и центрифуга во вредност од 12 илјади американски долари, што ќе придонесе за зголемување на капацитетите за тестирање на Институтот за 10 до 15 отсто. Благодарение на целосното реновирање помогнато од Амбасадата на САД, првпат во нашата земја имаме кабинет со биосигурност ниво 3. Ова претставува уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга и унапредување на технологијата на работа, согласно најсовремените стандарди, соопшти Министерството за здравство.

На почеток на коронакризата, Амбасадата на САД донираше поголемо количество заштитна медицинска опрема (маски, одела и друга заштитна опрема), во вредност од над еден милион долари, наменета за лекарите, за епидемиолозите и останатите здравствени работници од Инфективната клиника и Институтот за јавно здравје, кои се првата одбрана на земјата од епидемијата.

Исто така, со поддршка од Американската амбасада, во изминатиот период целосно е реновирана Клиниката за неврологија, изграден е и целосно нов блок во Психијатриската болница во Демир Хисар. Во тек се и градежните активности на Клиниката за максилофацијална хирургија, како и реконструкција на Клиниката за хематологија, стои во соопштението.

Next Post

Шекеринска: Безбедноста ќе побарува и демократија и човекови права и функционална правна држава

НАЈНОВО

Герасимовски: Бесплатни униформи, ранци и прибор за учениците во Центар

August 26, 2025

Во сообраќајна несреќа во Кичево загина осумдесет и двегодишен пешак

August 26, 2025

Австралија го протерува иранскиот амбасадор откако разузнавачката агенција откри дека Иран стои зад антисемитските напади на нејзина територија

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk