Најверојатно од 1 јануари следнава година, пензиите за сите корисници ќе се зголемат за 700 денари. Тоа се само два дена пред да почне со работа техничката Влада за договорените предвремени избори во април, дознава Алсат М.
За оваа намена, според пресметките во буџетот за 2020 година, би требало да се обезбедат дополнителни 44 милиони евра на годишно ниво.
Со ваквото зголемување на средствата, сега се појаснува за што ќе бидат употребени дополнителните 64 милиони евра плус во споредба со 2019 година.







