ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Бојкот и нарушување на протоколите е неконструктивен начин за надминување на кризата

October 2, 2020 12:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Најавувањето бојкот или нарушување на протоколите во училиштата е неконструктивен начин на надминување на оваа криза во нашата држава. Секој од нас е одговорен за јавното здравје и правото на здравје. Ако некој директно и свесно го загрозува здравјето на другиот, тогаш имаме прекршување на закон и на Устав. Затоа ги повикувам сите наши граѓани, сите родители, наставници и ученици, дека секој од нас треба да се справува на конструктивен начин со оваа епидемија, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

Ги почитува одлуките на Комисијата за заразни болести зашто се темелат на факти, а   владината комисија која дава одобренија за настава со физилко присуство не решава, како што рече, затоа што сака или не сака да се отвори некое училиште, туку врз основа на аргументација и бидејќи смета дека постои ризик за нарушување на здравјето на целото население.

-Сега приоритет е зачувување на здравјето на сите наши граѓани, а незачувување на здравјето значи повеќе заразени и повеќе смртни случаи. Ако состојбата се менува на позитивно, нема да има некој кој ќе застане против отворање на училиштата со физичко присуство, но ако е ваква или полоша, ќе размислуваме за други прашања за да го заштитиме јавното здравје, но и да обезбедиме континуитет на наставата на начини кои се можни во тој момент,  рече Царовска која денеска присуствуваше на предавање на донација од турската агенција ТИКА на ОУ „Петар Здравсковски-Пенко“ во општина Бутел.

Во врска со проблеми со интернет-пристап  во рурални средини, одговори дека во сите помали и подрачни училишта во рурални средини е обезбедена настава со физилко присуство, а потсети и дека за децата без соодветни ИТ-уреди има наставава на МРТ на македонски и на албански јазик и учениците ќе добиваат материјали од училиштето.

– Ова се флексибилните модели и ваква ситуација има во сите земји во развој како нашата.  Да не заборавиме и дека голем број од општините во изминатиот период донираа таблети за учениците што немаат,  додаде Царовска.

Next Post

Предлогот за намалување на ДДВ кај струјата вреден за разгледување од Владата, смета премиерот

Shortcut

Најново

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk