ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Се вклучуваме во енергетскиот проект Александропулос, можност за стабилно снабдување со гас

October 3, 2020 08:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија се приклучува во енергетски проекти и станува коридор преку кој ќе може да се снабдуваат со гас земјите од регионот и оние што ќе изразат интерес. Владата изразила интерес за вклучување во изградба на интерконекторот во Александропулос, а поддршка за реализација на проектот е изразена  од САД и на средби во Грција.

– Со поддшка на САД како наш стратешки партнер и сојузник во НАТО, Северна Македонија во наредниот период ќе иницира неколку проекти кои ќе бидат значајни за земјата и регионот. Станува збор за вклучување на земјата во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас на нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес. Ова поврзување со Грција, со поддршка од САД и ЕУ, ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години,  истакна премерот Заев вчера по средбата со помошникот државен секретар за енергетика на САД Францис Фанон.

Како што потенцира премиерот, овие проекти  на нашата земја ќе и обезбедат стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени што е во согласност со нашата дологорочна енергетска стратегија. Според него,  ова поврзување е значајно, бидејќи ќе обезбеди уште една можност за добивање гас од Азербејџан.

– Ова поврзување со Грција со поддршка од САД и ЕУ ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години. Од земја што беше ставена на последниот, изолиран и маргинален  енергетскит колосек и која беше ставеа во ситација да биде зависна од само еден коридор, сега е интегрирана во енергеските проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување, рече премиерот.

Фанон по средбата оцени дека земјава има јасни чекори каде ќе се гради како регионален актер и тоа го поздрави и ја изрази поддршката на САД.

– Она што го гледаме овде е навистина трансформативно. Ја гледаме еволуцијата на еден нов енергетски развој. Грција е еден вид предводник во тоа со оглед на инфрастуктурата што ја има за прием на овие ресурси, но гледаме натаму со ваквите приклучоци на помали земји во еден поголем пазар, кој може да ги катализира инвестициските можности што ќе овозможи трансформативен економски прогрес на земјата, но и на целиот регион, изјави Фанон.

Тој информира дека го посетил интерконекторот што ги поврзува Грција и Бугарија, кој ќе го води гасот преку Бугарија и потоа другите приклучоци преку Северна Македонија и изрази задоволство што нашата Влада покажала интерес за вклучување во проектот Александропулос.

– Секогаш кога САД ќе видат опции за енергетика тоа има поширок ефект врз намалуавње на цените и подобрување на стабилноста на снабдување на потрошувачите. Северна Мадедонија има таква значајна можност во смисла на гасот, но и за интеграција на обвновливи енергетски ресурси заедно со гасот, потенцира Фанон.

Покрај овој проект, искажана е поддршка и за ставање во функција на нафтоводот Солун-Скопје.

– Раговаравме за повторно ставање во функција на гасоводот Солун-Скопје кој е изграден во 2000 година и кој престана да работи од 2013. Претстојат преговори со Хеленик петролеиум и се надевам ќе изнајдеме пријателско решение за овој капацитет да биде ставен во функција брзо. Хеленик петролеум е заинтересирана да го стави во функција и да го надгради како продуктовод на деривати. На тој начин ќе биде создаден хабцентар и освен домашниот би се снабдувале и пазарите на другите земји од регинот, истакна Заев по средбата.

Next Post

Судење во време на Ковид-19

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk