Чешките власти соопштија дека во последните 24 часа се регистрирани 3793 нови случаи на коронавирус, што сега е рекорден број заболени, по вчерашниот рекорд кој беше за околу 300 позитивни случаи понизок од денешниот.
Во Чешка од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 78.051 заболен од коронавирусот, а починаа 699 лица. Во моментов активни случаи се 42.320 од кои хоспитализирани се 1134 луѓе.
Владата прогласи вонредна состојба која стапува во сила од петти октомври и најави нови рестриктивни мерки.
И Полска денеска јави за свој рекорд во дневно заболени од коронавирусот, 2 367 нови случаи, а починале 34 лица.
Со население од 38 милиони Полска од почетокот на епидемијата досега има регистрирано 98 140 заболени и 2604 смртни случаи.