Министерката за култура, Ирена Стефоска, на својот фејсбук профил објави фотографии од посетата на „Могилата на непобедените“ во Прилеп, по повод престојниот празник, 11 Октомври.
Министерката Стефоска напиша дека оваа посета е прва по повод денот кој го слави почетокот на антифашистичката борба на македонскиот народ, и најави уште многу други посети на спомениците од НОВ.