ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Над 600 нови случаи на Ковид-19 за три дена, причина за нови ограничувања за угостителските објекти

October 5, 2020 07:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По регистрирањето на над 600 нови случаи на инфицирани со Ковид-19 во изминативе три дена, Владата синоќа ги прифати мерките што ги претходно ги препопрача Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат забрана на гостување на пејачи и ограничување на јачината на музиката и на бројот на гости во угостителските објекти.

– Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и ди-џеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека дискотеките и ноќните клубови немаа, односно во ниту еден момент не добија дозвола за работа. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 децибели за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Комисијата за заразни болести, вчера и предложи на Владата, со цел намалување на растот на новозаболени од Корона, да донесе одлука за забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, за ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и за намалување на бројот на луѓе кои може да седат на една маса во угостителски објект од сега дозволените 12 на четири.

Покрај ова, ќе се инсистира на стриктно почитување на точка 3 од Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и од Протоколот за отворање и работа на кафетериите, со која не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Владата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.

Филипче оцени дека ваквите мерки се апсолутно оправдани и дека сега е добар период кога треба да се имплементираат.

Според податоците од Министерството за здравство, во деноноќието меѓу саботата и неделата се направени 1 350 тестирања и регистрирани се 191 нови случаи на КОВИД-19, со што вкупната бројка на активни случаи во нашата земја изнесува 2 693, откако во петокот беа регистрирани 225, а во саботата рекордни 243 нови случаи.

Во посочениот период оздравени се 77 пациенти, а во болнички услови починати се три лица, 81- годишен пациент од Скопје, еден 67-годишен пациент од Кичево и еден 77-годишен пациент од Струга.

Рекордер по активни случаи е главниот град со 966, по што следи Кочани – 183, Куманово и Струмица по 181, Тетово – 161 и Прилеп – 147. Во овие шест града се над 67 проценти од сите активни случаи.

Најмалку активни има во Неготино – 11, Гевгелија, Ресен и Дојран – 8, Македонски Брод – 5, Пехчево – 4, Демир Хисар и Кратово по два и Крушево еден активен.

Државниот пазарен инспекторат само во саботата, спроведе над 100 контроли низ целата држава и притоа кај 19 субјекти изрече казни за непочитување на здравствените протоколи и други прекршоци. Конкретно, седум субјекти организирале свадби и тоа во Струга (1), Тетово (2) и Скопје (4). Кај осум субјекти е констатирано непочитување на здравствените протоколи, односно во Струмица (2), Скопје (5) и Битола (1).

Поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, вчера бил приведен и управителот на барот „Мош“.  Конкретно, лицето организирало музички настан – концерт каде што помеѓу гостите не се почитувало дозволеното растојание од 1,5 до 2 метри и повеќето лица не носеле заштитни маски на лицето, и не биле исполнети и други одредби од пропишаните здравствени протоколи.

Поради ваквите појави министерот за здравство посочи дека една од можните мерки, понатаму е и ограничување на работа на одредени економски субјекти и на бројот на луѓе во јавниот превоз, како и мерката за носење маски на отворено.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од своја страна, вчера побара оставка од министерот за здравство Филипче, затоа што, како што велат, лошо ја менаџира заразата и „фактот што на секој час во последните 48 часа имаме по 10 заразени“.

Од друга страна, министерот Филипче вели дека ја следат ситуацијата и понатаму доколку треба има план и за дополнителни рестрикции ако тоа биде потребно, посочувајќи дека зголемениот притисок или мини бран е очекуван и го најавувале, како есенски бран, по завршување на годишните одмори.

Според него, за други рестриктивни мерки би размислувале во подоцнежните есенски месеци, кога се очекува и појава на сезонскиот грип, настинки поради студеното време, како и зголемена загаденост на воздухот.

Next Post

Променливо облачно со умерен југоисточен ветер, попладне на места можни врнежи

Shortcut

Најново

Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk