ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Европската комисија денеска ќе го донесе Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан вреден 9 милијарди евра

October 6, 2020 12:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од регионот, Европската Комисија денеска ќе го обелодени и долгоочекуваниот Економски и инвестициски план (ЕИП) за Западниот Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.

МИА имаше увид во овој План кој треба попладнево да биде официјално усвоен од страна на Колеџот на еврокомесари.

Планот, кој се најавува веќе неколку месеци, има за цел да му помогне на Западниот Балкан да се приближи економски до стандардите на Европската Унија, и е дотолку повеќе потребен, вели Еврокомисијата, откако кризата со Ковид-19 дополнително ги ослаби економиите во регионот.

Со овој План, Европската комисија сака да поддржи долгорочно економско закрепнување втемелено врз два главни столба – дигиталната и зелената транзиција и да ја поттикне регионалната соработка и трговија.

За овој проект, Комисијата смета дека треба да се издвојат девет милијарди евра од финансиите на претпристапниот инструмент (ИПА III) за периодот 2021-2027, кои преку инвестиции и поддршка за поврзување, дигитален и еколошки развој треба во следните шест години значително да ја подобри економската слика на западниот Балкан.

Новата ИПА, како дел од Буџетот на ЕУ, сѐ уште не е усвоена во Унијата, но начелно предвидува 14 милијарди евра за Западниот Балкан и Турција, со тоа што поголемиот дел од средствата се одвоени за западниот Балкан само. ЕИП треба во најголем дел да биде посветен на продуктивни инвестиции и инфраструктура и ќе се фокусира на десет основни проекти.

Покрај ова, Комисијата предлага, преку Гаранцискиот фонд за Западен Балкан, да се мобилизираат до 20 милијарди евра инвестиции во наредните десет години за да зајакне инфраструктурната поврзаност посебно во делот на транспортот и енергијата, зелената и дигиталната транзиција, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, и развој на социјалниот сектор.

Подоброто поврзување на земјите од регионот и продлабочувањето на регионалната соработка треба да се постигне преку зајакнување на зелената транзиција. Слично како Зелениот Пакт за ЕУ, регионот треба да се угледа на европските амбиции за постигнување климатска неутралност до 2050, смета ЕК.

Комисијата предупредува дека климатските промени, уништувањето на биодиверзитетот, загадувањето, и претераната употреба на ресурси претставуваат економска закана за ЕУ како и за западниот Балкан.

Ќе се објави и Зелена Агенда за Западниот Балкан, која ќе го поддржи Економскиот и инвестициски план што се објавува денеска, и која ќе даде јасни реформски насоки за земјите од регионот за усогласување на нивното законодавство во делот на заштитата на животната средина со она на Европската Унија.

Паралелно, Еврокомисијата сака да се поттикне дигиталната транзиција во регионот како клучна алатка на економското закрепнување. Дигиталната адаптација е исто така од критична важност за зачленување во ЕУ и постигнување на економските стандарди на Унијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Пратениците донесоа неколку законски измени по скратена постапка

May 15, 2025

Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес, тој се темели на вредности, не на билатерални прашања

May 15, 2025
Костадин Костадинов. Фото: Општина Струмица

Костадинов: Владата на ВМРО ДПМНЕ има душмански пристап кон Струмица и струмичани

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk