Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на ФБ објави дека денеска е потпишан Договор за јапонска грант помош во висина од 100 милиони јапонски јени, или околу 813.000 евра за македонското здравство.
„Со јапонската амбасадорката Ханеда, денеска го потпишавме Договорот за јапонска грант помош во висина од 100 милиони јапонски јени, или околу 813.000 евра за македонското здравство. Ова е нејзин 30-ти договор за време на мандатот што завршува деновиве. И’ посакав среќа и успех и изразив благодарност до неа лично и до Јапонија за големото пријателство и поддршка, секогаш кога е најпотребно.“ напиша Димитров.