Првиот човек на НАТО, Столтенберг на денешната прес-конференција со премиерот Зоран Заев од Брисел му го честита роденденот велејќи „Среќен роденден, навистина е голема чест што сте тука во седиштето на НАТО и го прославувате вашиот роденден“.
Премиерот сподели кратко видео од почетокот на прес-конференцијата и се заблагодари на Столтенберг за честитката.
Благодарам на сите за роденденските честитки, благодарам Јенс Столтенберг! Продолжувам посветено, напиша Заев.
Д. Е.