Во болницата во Струмица се исполнети сите сместувачки капацитети за пациентите со ковид-19, а место нема ниту во оние кои дополнително беа отворени.
Како што вели директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, во Инфективното одделение се лекуваат 15 пациенти со полесна клиничка слика, а во дополнителниот дел отворен во поранашените хируршки амбуланти, хоспитализирани се 13 пациенти.
„Планираме да ги прошириме капацитетите со поставување на уште шест-седум кревети во другите амбуланти, кои се веднаш до хируршките. Но, засега најголем проблем ни е персоналот и тоа како лекари, така и сестри. Ги немаме доволно за да ја покриваат работата во овој оддел на Инфективното одделение“, вели директорот Гогов.
Двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на ковид-19 и се во домашна изолација.
Извор: 360°




