Претежно облачно време со слаб до умерен ветер ќе преовладува денеска во државата. Претпладне особено на истокот од државата ќе има врнежи од дожд и повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, пренесе МИА.
Дневната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје слично време со краткотраен дожд и слаб до умерен претежно јужен ветер. Температурата ќе достигне до 17 степени.
Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Лазарополе – 54 литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје пет литри на метар квадратен.
Најстудено утринава е во Маврово каде се измерени 4 степени, а најтопло во Дојран – 15 степени.