ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски во „Само интервју“: ВМРО-ДПМНЕ е отворена за промени на изборниот модел

October 13, 2020 22:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е против избор на пратениците во Собранието во една изборна единица и изборниот модел да се менува неколку месеци пред избори, но сега може да се седне и да се разговара за промена на изборниот модел, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Канал 5.

– Ние може сега да седнеме и да разговараме за промена на изборниот модел зошто да не биде пола-пола, да речеме да имаме 60 мнозински изборни единици и една изборна единица која што ќе даде 60 пратеници, зошто да не зборуваме за 120 мнозински, додаде Мицкоски.

Според него, политичарите треба да покажат зрелост и на следните локални избори да не се трошат пари во услови на тешката економска состојба и градоначалниците да се избираат во два круга.

– Мислам дека треба да заврши изборниот циклус посебно во делот на градоначалниците во еден изборен круг и тоа е вистинска реформа која што треба да ја направиме и на тој начин ќе заштедиме милиони пари од граѓаните и истите тие милиони може да ги насочиме за таблети и лаптопи за децава да можат да следат настава онлајн, истакна Мицкоски.

Говорејќи за пописот на населението најавен за следната година, Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да ја поддржи оваа операција, доколку не биде вклучена во изработка на законот за попис.

– Нас не ни е потребна операција попис заради исполнување на какви било бројки. Нас ни е потребно операција за дефинирање на статистички параметри во државата, нагласи Мицкоски.

Во однос на Законот за јавното обвинителство, Мицкоски рече дека тие предложиле сите тековни предмети што се отпочнати во законскиот рок од страна СЈО, државниот јавен обвинител да ги прераспредели онаму каде што припаѓаат, а сите останати предмети отпочнати по рокот да влезат во обвинителска процедура, но тоа да биде допрен глас, но таквиот предлог власта не го прифатила.

– Доколку има индиции за сторен криминал тогаш Обвинителството нека си покрене обвинение, Судот нека одлучува дали тоа обвинение е издржано или не, нека има судски процес ако обвинението е издржано и на крај Судот нека пресуди и досуди дали е виновен тој што го сторил тоа дело или нека го ослободи од обвинение. Ова требаше ние да го ставиме во закон, изјави Мицкоски, посочувајќи дека многу правни експерти сметаат оти начинот на кој предметите од СЈО се пренесени на Јавното обвинителство е незаконски.

Во врска со идејата јавниот обвинител да се избира по предлог на опозицијата, Мицкоски нагласи дека тоа не е барање на  ВМРО-ДПМНЕ, туку на СДСМ додека беше во опозиција.

– На годишнината од нивната власт велат вака – еве после втората година од оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев ние ќе дозволиме опозицијата да предложи јавен обвинител. Самиот тој го кажа тоа. И ние само велиме – ајде исполни барем едно од стотиците ветувања коишто си ги дал, истакна Мицкоски.

Next Post

Меркел загрижена од растот на случаите со коронавирус во Европа

НАЈНОВО

Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025
МИА

Одбраната на Онкологија: Зошто лекарите не се обвинети и за давање и примање на поткуп, а Обвинителство оди со сведоци што кажуваат такви непоткрепени бомбастични работи

November 5, 2025
Фото: СДСМ

ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери, истакна Филипче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk